Животот почнува во четириесетата!!! - Emilija Gavrilova

Животот почнува во четириесетата!!!

Четвртата и петтата деценија од животот се златните години за многу работи.

Животот почнува во четириесетата година од животот ,не дозволувајте да ве фати паника – Хранете се здраво, бидете фит, забавувајте се !

Откријте како да уживате во своите најубави години .

Колку жени, но и мажи се очајни заради кризата на средните години, ги фаќа паника штом се наближуваат 40 тите. Тој страв сепак е пренагласен, а кризата е без причина, затоа што четвртата и петата деценија од животот всушност се златните години за многу работи.

За да не препуштете на случајност , еве неколку совети за тоа како да останете во добра кондиција, ментално и емотивно.

Никој не може да каже дека младоста има свои предности , вклучувајќи ја мазната и затегната кожа и неисцрпната енергија ,но, четириесетгодишните  (и нешто повеќе) поседуваат доза на самодоверба, сигурност, одлучност и самосвесност со кои може да се пофалат мал број на девојки.

Доколку млади сте станале мајка, тогаш имате уште една предност, а тоа се слободата и времето да живеете свој живот каков што сакате.

Средниот животен век никако не е причина за депресија. Напротив, треба да го доживеете како нов почеток и предизвик за нешто ново и убаво.

За да уживате максимално  во средните години, морате да водите грижа за себе, и тоа во следните шест најважни животни области.

Вашиот ум 

Сметате дека губењето на менталните способности во покасните години од животот е неизбежна појава? Многу истражувачи сметаат дека тоа не е вистина. Функциите на мозокот можат да се подобрат, доколку се употребуваат на правилен начин.

Портебна е постојана стимулација на мозокот,а тоа може да го постигнете многу едноставно :

  • играјте друштвени игри,
  • решавајте крстозбори,
  • научете странски јазик, или
  • совладајте некоја нова вештина
  • проверувајте ја и освежувајте ја меморијата така што ќе рецитирате(напамет научени) песни,
  • држете ја шопинг листата во глава,
  • научете да медитирате.

Тајни за подолг и поздрав живот !!!

Хранете се на правилен начин !

Експертите откриле дека храната во која недостасуваат овошје и зеленчук, а содржат многу заситени масни киселини , значително го зголемуваат ризикот од појава на Алцхајмерова болест во подоцнежните години.

Консумирајте храна за мозок!

Идеална храна за мозокот, општа виталност издржливост и енергичност Forever Royal Jelly , Forever Bee Pollen, Forever Bee Propolis…

Зголемете го внесот на масна риба, зеленчук, овошје, интегрални житарици и семки.

Внесувајте суплементи на база на гинко билоба, затоа што оваа билка ја зголемува функцијата на капиларите и прави добар доток на крв во мозокот.

Фолната киселина е важна за зајакнување на меморијата , исто така и железото и цинкот играат важна улога во зачувување на менталната функција.

Вашата храна

Генетските фактори играат улога во процесот на стареење само околу 25%, што значи дека можете во голема мера да влијаете, да  искорегирате или да одредите сами.

Со правилна исхрана не само што можете во голема мера да го намалите процесот на стареење , туку можете да го вратите часовникот наназад.

Правилната исхрана која содржи оптимална количина на важни хранливи  материи, го одржува општото здравје, го подобрува расположението, нивото на енергија, влијае на сонот и на менталните функции.

Со правилен избор на производи, исто така можат да се спречат појави на многу заболувања, вклучително и дијабетисот и одредени видови на канцер. Правилната исхрана во средните години може да биде еден вид на анти- ageing затоа што помага во зачувување на густината на коските и ги спречува тешкотиите при менопаузата .

Овошјето и зеленчукот треба да бидат основна храна. Исто така треба да се вклучат интегралните житарки, посни протеини, јаткасто овошје, семки и мешунарки.

Секогаш кога сте во можност купувајте органски одгледана храна. Така ќе го одбегнете конзумирањето на пестициди, хербициди и хормони.

Секојдневно пијте од шест до осум чаши вода.

Намалете го конзумирањето (а најдобро е потполно да го исфрлите) на разни преработки и брза храна.

Кафе и алкохол конзумирајте во ограничени количини.

Исфлете ги од употреба на шеќерот ( и вештачките засладувачи) и транс мастите.

Збогатете ја исхраната со анти-ageing производи во кои спаѓаат : јаболки, авокадо, јачмен, боровница, брокули, морков, целер, јајца, ленено семе, лук, лиснат зеленчук, билни чаеви, јаткасто овошје, мрсна риба, маслиново масло, кромид, зачини, соја во зрно, патлиџан…

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Вашиот животен став

Средните години на живот не само што се најдобри, туку се и најзначаен период од животот, во кој треба да откриете што сте, да бидете тоа што сте, да бидете задоволни и да уживате во себе.

Ова време донесува и многубројни предизвици.

Доколку со години работите дена иста работа, или сте посветени максимано на грижа на вашите деца, можете да ја дочекате четвртата или петата деценија од животот со чувство дека сте заробени во ситуација која повеќе не ви одговара. Тогаш е вистинско време да ги анализирате сите аспекти на својот живот и да одлучите на кој начин сакате да живеете во иднина. Затоа тоа е идеален период за правење на планови и поставување на цели.

Немојте ни случајно да го пропуштите ова безценето време.

Направете листа со 50 работи кои сакате да ги направите. Тие треба да ги опфатат промените на начинот на живот (промена на работно место или местото на живеење) се до најмалите промени, како што се, менување на фризурата, учење на странски јазик, или купување на домашно милениче.

Бидете позитивни и одлучни.

Замолкнете го внатрешниот критичар и слушајте се себе си.

Колку често го повторувате зборот “морам” и “треба да направам”?

Почнете да ги одбивате луѓето, секако на љубезен и тактичен начин.

Ова е време кога повеќето од нас повеќе се посветуваат на сопствената духовност.

Најдете време за читање, размислување, медитирање, или ако сте религиозни одете и во црква.

“Исчистете го вашиот адресар”.

Во овој период од животот важно е да бидеме опкружени со луѓе кои не ценат, сакаат и со кои можеме да разменуваме позитивни чувства. Затоа, избришете ги од својот адресар “енергетските вампири”, пријателите заради обврска и наметливи луѓе.

Животот почнува во четириесетата

Вашиот сексуален живот

Со годините, желбата за секс слабее, а односите се се поретки, зарем не?

Не секогаш. Иако промената на хормоналниот статус во организмот во текот на климактериумот можат да предизвикаат опаѓање на либидото, тоа не значи дека е крај на сексуалниот живот.

Многу жени забележуваат подобрување на сексуалниот живот во четириесетите , што не е никакво чудо. Тогаш подобро го знаеме сопственото тело, посигурни сме во себе, способни сме да ја кажеме сопствената потреба , а тоа е многу важно, затоа што точно знаеме што ни е потребно.

Сексот може да опадне во интензитет и зачестеност, но не мора да се наруши чувството на задоволство кое го доживуваме во текот на односот.

За подобар сексуален живот, хормонален баланс и подршка на здравјето на мажите(Vitolize men’s vitality supplement) и за жените (Vitolize women’s vitality supplement).

Дебелина или здравје

Уживајте во животот !

Искуството покажува дека позитивниот однос кон луѓето и ситуациите, богатиот друштвен живот, честото запознавање на нови луѓе, како и интерсни животни интереси го подобруваат вашиот сексуален живот.

Бидете отворени кон партнерот .Откривајте ги еден на друг сексуалните фантазии , разговарајте за се отворено. Реализирајте ги сопствените фантазии .

Освежете го сексуалниот живот. Никогаш не е доцна за нови истражувања и подвизи. Разгледајте ги книгите за древната индиска уметност “тантра” и  кинеските  “тао традиции”. Двата пристапи можат да ја пробудат во вас само на вас  својствените сваќања за сексот , и се разбира, уживајте.

Животот почнува во четириесетата

Вашата кондиција

Ако сакате да уживате во животот без ограничување , тогаш и вашето тело треба да биде во совршена форма. Најважен фактор кој ќе го овозможи тоа е редовна физичка активност.

Постојат многубројни научни докази за тоа дека одредениот степен на физичка активност и добрата кондиција овозможуваат одржување на физичкото и менталното здравје.

Мислите дека сте престари за да вежбате?

Жал ми е но тоа не е изговор !

Експертите велат дека никогаш не е доцна за да почнете да вежбате.

Напротив, физичката активност во подоцните години од животот многу е поважна за здравјето одошто во младоста.

Направете избор на активности кои најмногу ви одговараат.Во спротивно, мали се шансите дека доследно ќе ги реализирате. Не морате да одите на фитнес. Можете да се определите за курс по танци, аеробик или едноставно пешачете. Постепено зголемувајте го времето за вежбање. Оптимална динамика за вежбање треба да биде  од 4 до 5 тренинзи неделно, со времетраење од 45 минути.

Животот почнува во четириесетата

Вашата кожа

Убавината доаѓа од внатре.

Храната која содржи производи богати со антиоксидаси се од витално значење за одржување на кожата и може да ја заштити од појавата на старечки пеги(флеки).

Доколку сепак тенот ви станал нерамномерен и се ви се појавиле темни дамки на кожата можете да го подобрите изгледот и да ја изедначите бојата со нашата формула на база на 100% стабилизиран гел од алое вера со витамин Е и билки Forever Epiblank.

Токсини (отрови) кои ги внесуваме во себе

Јадете многу производи од растително потекло !

Јаболки, зрнести производи , зеленчук, вклучително и зачински билки се најдобар избор.                                      Јадете мрсна риба или редовно конзумирајте омега-3 масни киселини во форма на суплементи(Forever Artic Sea).

Пијте најмалку 2 литри вода секој ден.

Употребувајте хидратантни дневна и ноќна крема  кои содржат антиоксиданси, аминокиселини, пептиди, хијалуронска киселина, витамини А,Ц,Е и К.

Вежбајте секој ден по можност аеробик вежби или шетајте секој ден најмалку по половина час.

Ослободете се од секаков стрес . Практицирајте јога.

Редовно применувајте третмани за лице. Одете во козметички салони и правете акупресура, ароматерапија и рачна масажа.

Обегнувајте алкохол и цигари , како и предолг престој во задимени простории.

За повеќе информации за Forever природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.