Во зима децата да не се разболат - Emilija Gavrilova

Во зима децата да не се разболат

Совет за посилен имунитет во зима на децата и бебињата

Во зима децата да не се разболат

 

Во зима, кога температурата паѓа под нулата, детето треба и може да престојува на отворено 60 минути. За жал, дури и при повисоки температури, парковите се пусти во зима, а трговските центри и игралиштата се полни со деца – а опасноста од разболување таму е многу поголема!

Еве како да облечете бебе и дете за многу ладни услови …

Во скандинавските земји, на пример, во Шведска, нормално е бебињата да престојуваат на отворено на многу ниски температури.

Ќе видите дека бебињата остануваат добро “спакувани” во количка и спијат надвор од кафулињата,  додека нивните родители седат со нив внатре или надвор и пијат топли пијалаци .

Вие нема да ја видите таквата слика овде, бидејќи делува како да сите се плашиме од студот и природните услови кои доаѓаат со различни сезони.

Нашите родители попрво би го внеле бебето во загушлива просторија за да пијат кафе отколку што ќе седнат надвор во текот на зимата.

Штетноста  на просторијате каде се пуши е далеку поголема за бебето отколку студот.

Тоа само по себе не може да го “разболи” вашето бебе ако е соодветно облечено.

Доколку детето се замрзне надвор бидејќи не е добро облечено, тоа доведува до слабеење на имунитетот кој е тогаш по подложен на вирусни и бактериски инфекции.

Може ли бебињата да се разболат од студ?

Кога ќе дојде ладно време, зачестеноста на респираторни инфекции се зголемува (секој знае). Но, тоа не е за поради намалување на температурата.

Една голема анализа на оваа тема заклучи дека самото ладење не го зголемува ризикот од настинки.

Изгледа дека е позначајна брзината со која дојде до менување на температурата.

Ако температурата падне брзо, кога ќе излезета надвор, доаѓа до стеснување на крвните садови на респираторните органи, што ќе ги направи повеќе подложни на инфекција.

Сличен ефект може да се забележи и во лето кај лицата кои влегуваат во простории со многу ниски температури, поради вклученоста на климатизацијата.

Од таму, ако сте активни надвор (децата кои си играат имаат топла кожа и слузокожа, па студеното време не им смета), ризикот од инфекција не е посебно зголемен.

Друга причина за чести инфекции е социјалнатa.

Луѓето во ладни периоди од годината поминуваат повеќе време внатре, па вирусните инфекции  полесно се шират.

Повеќето респираторни вируси не се отпорни повеќе од еден час на температура под нулата.

Студеното време всушност го намалува ризикот од инфекција.

Спротивно на тоа, респираторните вируси на температура од околу 20 степени можат да бидат инфективни околу десет часа.

Затоа, не е спречување на инфекции децата да не излегуваат на ладно, туку во  миење на рацете.

Може да се применуваат  и  алкохолни влажни марамчиња, кои ги дезинфицираат рацете.

Колку часови од денот бебињата и децата треба да престојуват надвор?

На температури до минус 10, создавањето на топлина е таква што нема негативни ефекти врз функционирањето на имунолошкиот систем на детето.

Покрај тоа, работите покажаа дека престојувањето до 60 минути, со умерен интензитет игра, води до сузбивање на речиси сите воспалителни болести кај детето.

Ако родителите забележат дека бебето се тресе од студ, треба веднаш да се внесе внатре.

Тогаш организмот е под стрес, што има негативен ефект врз имуниот систем.

Колку за најмладите е штетен престојот во просторија  за пушење?

Неопходно е да се избегне изложеноста на децата на чад од тутун, бидејќи во голема мера го зголемува ризикот од добивање грип и други респираторни инфекции.

Една студија од Јеил  покажа дека децата кои се изложени на чад од тутун се со поголема веројатност да бидат заразени со вируси .

Воедно, доколку се разболат имаат потешка клиничка слика и повеќе компликации.

Изложеноста на доза од 2 цигари на ден во период од две недели била поврзана со слабеење на имунолошкиот систем.

Покрај тоа, се случува и прекумерно воспаление на респираторната слузница.

Совет за посилен имунитет во зима

Рецептот за поретки настинки во текот на зимата е едноставен.

Секојдневно на отворено еден час, со игра.

Добра облека, која го спречува потењето на бебето (слоевита облека).

Не треба да се претерува со количината на облека.

Детето нема да  може да игра со неа, а потењето го зголемува ризикот од болест.

Потребна е капа на  глава.

Доколку температурата е под минус 10, шал преку устата (за да се спречи разладување на усните и носот).

Топли, удобни обувки, нозете да не се влажни.

По враќањето во станот, задолжителен е топол пијалок и пресоблекување.

Обилно внесување на свежо овошје и зеленчук .

Тука спагаат сите обоени овошја, аронија, боровинка, капина кои содржи големи количества антоцијанин.

Тие пак  се одлични анти-вирусни лекови.

Додаток на витамин Д, морков (витамин А), некои препарати со микроелементни (цинк, бакар, јод и селен, магнезиум)повеќе прочитајте тука….

Избегнување на задимени простории во кои се пуши.

Задолжително спиење од најмалку осум часа.

Често миење на рацете,за  да се отстранат вирусите од кожата.

Препорака Алое сапун за раце комбинација од природни масла,растителен екстрат со нежна арома на камилица ,без парабени е токму тоа што на кожата и треба за да биде исчистена и хидрирана Повеќе прочитајте тука…

За повеќе информации контактирајте ме на:

https://www.facebook.com/prodazba.aloevera

e-mail:gavrilova.emilija@gmail.com

телефон 070 34 88 45

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.