Вежбање – Зошто ни е потребно? - Emilija Gavrilova

Вежбање – Зошто ни е потребно?

Вежбање – Зошто ни е потребно? Сите знаеме дека вежбањето позитивно влијае на нашето физичко тело,но,исто така и на психичкото здравје.

Експерти од клиниката Мајо ја истакнуваат важноста од вежбањето и придобивките кои ги носат редовните физички активности

Вие сигурно добро ги зна  ,но, добро е да се потсетиме и да подразмислите за истите.

Запомнете, никогаш не е доцна да се променат лошите навики со добри и да направиме нешто добро за нашето здравје .

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Вежбање – Зошто ни е потребно

Со вежбање се контролира телесната тежина

Вежбањето може да го спречи добивањето на вишок килограми, и помага за намалување на истите.

Со редовно вежбање нема да го забрзате вашиот  метаболизам, меѓутоа на самиот тренинг и непосредно по него го забрзувате трошењето на калориите.

Меѓутоа, она што е најважно е дека не треба да се сконцентрирате само на вежбање за време на тренинзи. Можете да се искачувате по скали наместо да употребувате лифт, можете да пешачите наместо да употребувате автомобил или градски превоз.

Секоја дополнително потрошена калорија се смета за позитивна, а со мали промени можете значително да направите промени кај вас .

Тајни за подолг и поздрав живот

Вежбање – Зошто ни е потребно

Физичката активност позитивно влијае на вашето здравје

Ако сте загрижени заради вашиот висок крвен притисок или се грижите за здравјето на вашето срце, правилното вежбање е вистинско решение .

Со многу истражувања е докажано дека доколку имате повеќе килограми вежбањето ќе влијае на зголемување на нивото “добриот” холестерол (HDL) и за намалување на триглицеридите.

Редовната физичката активност влијае и на спречување на појава на разни заболувања и состојби како што се мозочен удар, метаболички синдром, дијабетис, депресија…

Дебелина или здравје

Вежбање – Зошто ни е потребно

Вежбањето го подобрува расположението

Доколку ви е потребна емоционален поттик или можеби сакате сиот свој бес кој се собрал во вас да го исфрлите од себе?

Вежбањето е вистински избор за Вас!

Кога вежбате вашето тело лачи хемиски супстанци како ендорфини.                                                                                            Ендорфините се врзуваат за рецепторите во мозокот и го намалуваат чувството на болка.                                                                                                                                                        Освен ова ендорфините се заслужни и за позитивното чувство кое го имате по тренингот кое често се опишува како еуфорија.                                                                                                                                                            Рецептори за кои се врзуваат се истите тие за кои се врзуваат некои аналгетици, а дејствуваат и седативно.

Добриот тренинг го намалува стресот на кој сме изложени и ја подигнува нашата самодоверба.

Вежбањето ни дава енергија

Редовната физичка активност ја зголемува нашата сила и издржливост.                                                                      Тоа значи дека во текот на вежбањето нашиот кардиоваскуларен систем работи поефикасно и повеќе кислород и хранливи материи доаѓаат до мускулите и останатите органи.                                                                       Со тоа и добиваме повеќе енергија која ни е повеќе од потребна за обавување на секојдневните активности.

Токсини (отрови) кои ги внесуваме во себе

Вежбање – Зошто ни е потребно

Вежбањето е забавно

Физичката активност може да биде и многу забавна.

Затоа направете добар избор и одберете некоја групна програма, каде заедничкото вежбање е поттик за поголема издржливост и забавување при самиот процес на вежбање.

Наградата од вежбањето ќе биде подобро и попозитивно чувство, подобро здравје и поубав изглед.

Мора да се напомене дека не треба да се прават исцрпувачки вежби .

Во здраво тело,здрав дух !!!

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

 

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.