Талогот од кафе и неговата примена - Emilija Gavrilova

Талогот од кафе и неговата примена

Сега знаете за што се може да  употребите  талог од кафе

Талогот од кафе и неговата примена

Талогот од кафе, вашиот омилен пијалок кој секојдневно го конзумирате  наоѓа широка примена,затоа не го фрлајте,употребете го !

Вест која ќе ги расположи сите љубители на кафе !!!

Постојат  одлични начини да го искористите она што ви останува во чашата за пиење кафе – освен за гледање во шоља.

Ретки се оние кои немаат кафе во било кое катче во нивниот дом.

Талогот од кафе и неговата примена

Без разлика дали уживате во неговиот вкус и мирис или служи само за посетите на гостите, мора да се знае –талогот од кафето може да се користи на многу други добри начини во секое домаќинство.

Талогот од кафе е одличен за пилинг на кожа

Талогот од кафето е извонредно делотворен поради фината зрнеста текстура на кафето, а можете да го применувате во нега на лице.

Можете да додадете и лажичка мед во талогот.

Талогот од кафе и неговата примена

Талогот од кафе ги елиминира темните кругови под очите и отеченост

Намачкајте малку талог на темните кругови под очите и оставете да одстои. Кофеинот во талогот ќе направи да изгледате будни и свежи.

Најделотворните креми за зоната околу очите се токму тие кои содржат кофеин (кофеинот го зголемува протокот на крвта и така ја намалува отеченоста).

 

Талогот од кафе ги отстранува непријатен мирис од патиките.

Ставете малку талог во најлон фолија и оставете го во патиките некое време.

Тој ќе ги собере сите непријатни мириси од нив.

Отстранете ги болвите од кучето

Талогот од кафе и неговата примена

Додадете лажичка талог во шампонот за куче ако вашето домашно милениче има болви.

Тоа ќе го реши проблемот.

Талогот од кафе ги отстранува мирисите во кујната

Просушете го талоготод

кафе и ставете го во чинија. Чинијата ставете ја во фрижидерот или замрзнувачот – ова ќе ги неутрализира непријатните миризби.

Исто така можете да ги истриете рацете со талог ако имате непријатен мирис од нешто, особено лук.

Талогот од кафе како храна за растенијата

Ако имате растенија како што се азалеи, хортензии или камелии кои претпочитаат кисела почва, ќе ви бидат благодарни ако ги “поч

естите” со остатоците од утринското кафе.

Талогот додава хранливи материи во компостот. Тој ја менува бојата на хортензиите од розова во сина боја.

Талогот од кафе ги одбива инсектите

Истурете талог од кафе

на местата на кои имате мравки, тоа ќе ги истера и ќе ги држи далеку.

На ист начин кафето делува и на полжавите и други инсекти.

Талог од кафе како природна боја за ткаенини

Ако ставите талог во врела вода можете да добиете браон боја за ткаенини, хартија….

Видно ги намалува гребаниците на мебелот

Гребнатините на дрвени

от мебел моментално исчезнуваат кога ќе утриете малку талог од кафе заедно со крема за полирање и топла вода.

Повторувајте ја постапката толку долго додека гребнатината не биде во иста боја како и другата површина.

Талогот од кафе како средство за чистење

Бидејќи е абразивно, кафето е одлично за чистење на мрсна и нечиста површина.

Користете ја сама или во комбинација со малку детергент за садови.

Талогот од кафе и неговата примена

Го одбива вашето домашно милениче

За да ја спречите вашата мачка да ја “окупира” целата градина како нејзин личен простор, посипете малку кафе измешано со кора од портокал околу растенијата што не сакате да ги допира.

Зголемете  го на моркови што ги садите

Ако измешате свеж талог од кафе со ситно семе од морков во моментот на садење, ќе имате подобар принос, што ќе помогне и да ги одстраните црвите кои го напаѓаат морковот.

Ја задржува прашината

Пред да почнете да го чистите каминот ставете талог од кафето преку пепелта како би спречиле прашината да се разнесува по целиот стан.

Талогот од кафе и неговата примена

Намалете го целулитот со талог од кафе

Не, ние не се шегуваме!

Прочитајте го следниот рецепт кој ќе ви помогне да ги намалите наслагите од целулитот, по што кожата ќе биде повеќе мека и мазна.

Ако погледнете подобро, ќе видите дека бројни креми на пазарот кои се наменети за борба против целулитот содржат кофеин.

Ова, се разбира, не е случајно, бидејќи го зголемува протокот на крв и со тоа ги намалува маснотиите под кожата.

Овој рецепт со години се препорачува на жените.

Не само што ги намалува наслагите од целулитот, туку и кожата станува помазна и помека, бидејќи со смесата исто така се прави и пилинг.

Состојки:

  • Еден ден стар талог од кафе
  • Екстра девствено маслиново масло
  • Крупна морска сол
  • Тример (фротирска ракавица)

Упатство:

  1. Измешајте чаша талог од кафе, маслиново масло и сол во голема чинија. Истурете доволно масло за да добиете густа паста. Додајте сол во зависност од тоа дали сакате груба или помека мешавина за пилинг. Препораката е лажичка сол.
  2. Приближно 35 минути пред туширање, со фротирската нараквица нанесете ја мешавината на нозете, задникот и колковите (всушност можете да ја примените на сите делови од телото, а по една недела на употреба ќе видите фантастичен резултат).
  3. Кога ќе се намачкате, завиткајте се со крпа и држете ја смесата половина час на телото.
  4. Исплакнете со топла вода. За оние кои имаат навика да се тушираат два до три пати на ден, Вики советува да ја намалат температурата на водата. Туширањето со многу топла вода ќе ја исуши кожата.

Пилингот е во секој случај добар за кожата, па зошто да не го пробате овој рецепт и воедно да се борите против целулитот.

Секако, вреди да се обидете!

За блескава насмевка и свеж здив,мијте ги забите со гелот Форевер брајт по секое јадење и пиење кафе.

За повеќе информации контактирајте ме на:

https://www.facebook.com/prodazba.aloevera

e-mail:gavrilova.emilija@gmail.com

телефон 070 34 88 45

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.