Што е метаболизам? Emilija Gavrilova Интересни Факти -

Што е метаболизам?

 Што е метаболизам, веднаш да разјасниме.Метаболизмот е процес  кој трансформира калориите од храната во енергија во нашето тело, односно во “гориво”.

Метаболизмот  влијае на тоа како тоа гориво го користиме и трошиме.

Се состои од анаболизам и катаболизам.

Анаболизмот е процес во кој енергијата се користи за изградба на нови клетки и ткива, а катаболизмот е складирање на енергија (маснотии) во нашето тело за нормално функционирање на целиот организам.

Нашата телесна тежина може да се претстави во облик на формула, за да стане појасна:

Телесна тежина = катаболизаманаболизам

МИТ ИЛИ СТВАРНОСТ

Добро познат медицински мит е дека слабите луѓе имаат “силен” или забрзан метаболизам и дека подебелите луѓе имаат “слаб” или забавен метаболизам, што не е точно. Реалноста е многу поинаква.

Не мора да значи дека само слабите луѓе имаат брз метаболизам.

Вежбите покажаа дека овој “послаб” метаболизам во повеќето случаи не е причина за дебелина. Метаболизмот зависи од многу фактори, кои можеби никогаш нема да ги претпоставите.

На некои од овие фактори можеме да влијаеме, но на некои не, како што се: возраста – бидејќи колку сме постари, губиме повеќе мускулна маса и го зголемуваме количеството на маснотии.                                         Така, кога мускулите се губат метаболизмот успорува, а факт е дека стапката на калориско согорување се успорува за пет проценти на секои десет години;

Лошиот метаболизам доведува до задржување на токсини (отрови) во организмот ,прочитајте повеќе тука….

Мажите генерално имаат побрз метаболизам од жените, бидејќи тие се покрупни и природно имаат помалку масти;

хипотиреоза – помалку активна тироидна жлезда која го успорува метаболизмот и неизбежно води кон здебелување и кај некои луѓе оваа жлезда е поактивна од другата;

генетски фактор – некои луѓе едноставно имаат среќа дека нивниот метаболизам е побрз, додека други за жал не.

МЕТАБОЛИЗМОТ ВО “ЗИМСКИ СОН”

Главниот проблем на повеќето луѓе е “познатиот” забавен метаболизам.

Многу луѓе се жалат дека имаат успорен метаболизам, а всушност не знаат како тој функционира. Едноставно кажано, тоа е брзината со која калориите согоруваат во телото.

Тогаш се случува, за да се изгуби тежината, многумина прескокнуваат оброци и ова е огромна грешка. Со тоа само уште повеќе го успорува метаболизмот.

Лошиот метаболизам доведува до задржување на токсини (отрови) во организмот ,прочитајте повеќе тука….

Како?

Едноставно како и кај другите животински видови и луѓето имаат поттик за самоодржување, а телото реагира на “глад” со забавување на метаболизмот за да ја намали калориската потрошувачка за да можеме да преживееме подолго.

Од друга страна, кога почнуваме нормално да се храниме, метаболизмот уште некое време останува успорен, и тоа е причината зошто диетите се воглавном неуспешни и зошто кога ќе прекинете со диетата за кратко време, не само што ќе ги вратите изгубените колиграми, туку и ќе додадете уште неколку.

Телото троши калории деноноќно, без оглед на тоа дали се движите или се одмарате.

Енергијата ви е секогаш потребна, дури и додека спиете.

Затоа не треба да пропуштите оброци.

Колку се подолги интервалите помеѓу оброците, толку повеќе метаболизмот успорува и “паѓа во зимски сон”.

Како да го разбудиме?

Нема смисла да вежбате ако после тоа го зголемите внесот на маснотии. Човекот не се здебелува од недостаток на спорт, туку затоа што организмот “го филува” со повеќе калории отколку што навистина му е потребно. Се разбира, можете да јадете храна која ја сакате, но само кога е во одредени количини и додека е поделена на неколку оброци во текот на денот, а никако на еден или два.

Лошиот метаболизам доведува до задржување на токсини (отрови) во организмот ,прочитајте повеќе тука….

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА

што е метаболизам

Сон

Кога спиеме малку нашиот метаболизам ја успорува својата работа.                                                                              Уште полошо – недостатокот на сон ја зголемува секрецијата на хормонот грелин, кој го зголемува чувството на глад.

Ноќе, додека спиете, вашиот метаболизам е најуспорен, па затоа е важно вечерниот оброк да не е обилен.

Повеќе, но помалку – познато правило.

Вистина е. Треба да имате пет до шест оброци дневно. Почесто, а помали оброци. И помеѓу трите главни оброци мора да имате закуска во вид на овошје или јогурт.

што е метаболизам

Вежбање

Најдобро време за вежбање е кога најдобро ќе го поднесете овој физички напор. За повеќето луѓе тоа е утро. Утрото е време кога некои хормони достигнуваат највисоко ниво, а на тој начин најдобро се поттикнува метаболизмот. Ќе потрошите повеќе калории наутро отколку попладне, кога нивото на хормонот се намалува.

што е метаболизам

Вода

Во секој процес во телото, водата игра голема улога. Ако не внесувате доволно вода, вашето тело ќе ги согорува за 2% побавно калориите, а кога ќе испиете половина литар вода, вашиот метаболизам ќе се забрза.

 

 

што е метаболизам

Стрес

Некогаш во минатото, на пештерскиот човек стресот му бил корисен. Зошто? Пештерскиот човек бил под стрес кога ќе имал недостиг од храна. Стресот предизвикал механизам за преживување кој го успорил неговиот метаболизам за да ја складира енергијата во форма на масти.  Денес, нема недостаток на храна, но механизмот на стрес не се промени.

Значи, кога сме под стрес за било што, нашиот метаболизам се успорува. Па затоа е корисно за секој човек да најде нешто што го релаксира и го опушта, некој издувен вентил.

Научниците открија дека десет минутно смеење секој ден може и тоа како да помогне во трошење на енергијата, а со тоа и на калориите.

А кога станува збор за вежбањето, за тоа и да не зборуваме.

Лошиот метаболизам доведува до задржување на токсини (отрови) во организмот ,прочитајте повеќе тука….

МАЛИ ТРИКОВИ  КОИ МОЖЕБИ НЕ ГИ ЗНАЕТЕ

Освен вежбањето и правилната исхрана постојат трикови кои можат да ви помогнат во вашата намера да го забрзате вашиот метаболизам.

Ќе ги наброиме производите кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот, а многу од луѓето дури и не знаат дека имаат таков ефект, но избравме некои од најефикасните:

Зелениот чај

– е еден од најпознатите чаеви што го стимулира согорувањето на мастите и го забрзува метаболизмот, бидејќи содржи антиоксиданти и се препорачува 2 до 3 чаши дневно за одлични резултати.

Кафе

– кофеинот ја зголемува енергијата и го стимулира централниот нервен систем, а исто така и го забрзува метаболизмот. Единствениот недостаток е тоа што овој ефект е краткорочен и со кафињата треба да се има мерка.

Лути зачини

– Содржат хемиски супстанции кои се одлични за побрз метаболизам, на пример лути пиперчиња, содржат капсаицин, кој ја подобрува циркулацијата на крвта и на тој начин го забрзува метаболизмот.

Грејпфрут

-е исто така еден од продуктите што може да ви помогне во намерата да го забрзате вашиот метаболизам, бидејќи содржи витамин Ц и влакна го стимулира согорувањето на маснотиите. Меѓутоа, грејпфрутот ја забрзува работата на срцето и треба внимателно да го користат лицата со забрзано отчукување на срцето во мирување.

Бадеми

– сировите бадеми се одлични за здравјето и се вклопуваат во начинот на исхрана на секој човек. Сировите бадеми ја забрзуваат работата на метаболизмот.

Истражувањата покажаа дека секојдневното конзумирање на бадеми слабеењето го забрзува за дури 62%

Цимет

– циметот е одличен трик за забрзување на метаболизмот, бидејќи може да се става во кафе, во колачи, во сокови, во различни јадења. Но повторно, не треба да се претерува

Ѓумбир

– ова растение силно влијае на дигестивниот систем и во добра мерка го забрзува метаболизмот. Еден е од најстарите зачини и се користи како суровина за многу производи за губење на тежината

Лошиот метаболизам доведува до задржување на токсини (отрови) во организмот ,прочитајте повеќе тука….

 „КАНЦЕЛАРИСКИ 6 КИЛОГРАМИ“

“Ме убива седењето на работа”. – Колку често ја слушате оваа реченица? За голем број луѓе, работа во канцеларија и постојано седење е голем проблем.

Изразот “канцелариски 6 килограми” доaѓа од тоа што денес стана нормално луѓето кои седат во канцеларија да се здебелат 6 килограми во првите 3 месеци.

Тоа не значи дека тоа ќе го земаме како изговор и ќе ги оправдаме овие 6 килограми.

За сè може да се најде време, па и за вежбање после тешкиот ден на работа.

Прекумерното седење, помага во дебелење, го забавува метаболизмот, предизвикува и дијабетис, мозочен удар и други болести кои вообичаено во медицината се нарекуваат “седечки болести” или болести од седење.

Значи немате изговори, одвојте најмалку 4 пати неделно еден час за себе и за вашето здравје.

Резиме

Метаболизмот и килажата зависат од многу фактори, како од оние на кои можеме да влијаеме така и од оние на кои неможеме.

Исхрана, вежбање, одмор итн…се е важно во постигнување на резултатите.

Немојте да бидете во групата на луѓе на кои се  им е виновно, а кои ништо не прават за себе и не пробуваат да го променат својот живот.

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.