Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг - Emilija Gavrilova

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Правилна, здрава исхрана е најважниот дел од севкупниот комплексен систем на здрав  начин на живот, постигнување на професионални спортски резултати или постигнување резултати во рекреативното вежбање.

Исхраната претставува 70% од успехот, потоа се здравите биолошки навики и се разбира упорноста во остварување на целта.

На самиот почеток на темата, ќе објасниме некои основни поими за метаболизмот на хранливите материи за да ги разбереме советите што подоцна ќе ги дадеме во текстот.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Матаболизам

Метаболизмот е име за хемиските процеси во телото на кои се подложни  хранливите материи, како и процесите на претворање на енергијата од храната во други форми на енергија.

Сите процеси кои се поврзани со растот, развојот, одржувањето и регенерацијата на ткивата и телото се процеси на метаболизам.

Метаболизмот може да се подели во процеси на катаболизам и анаболизам.

Катаболизмот се однесува на процесите на разградување, а анаболизмот е процес во кој организамот се развива, расте и го обновува оштетеното ткиво.

Се за детоксикација на организмот и здраво слабеење прочитајте – C9 Forever

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Хранливи продукти

Хранливи продукти се јаглени хидрати, масти и протеини.

Секојдневно се конзумираат и се трошат, обезбедувајќи енергија потребна за извршување на функциите на телото во мирување и за време на работата.

 

Хранливите и биолошки активните супстанции може да се поделат спрема:

Потекло:

  • Животинско (месо, млеко, млечни производи, јајца, масти),
  • растително (овошје, зеленчук, житарки, шеќер, масло),
  • минерално (вода, сол).

Хемиска природа:

  • јаглени хидрати,
  • масти,
  • протеини,
  • сол,
  • вода и други.

Енергетска улога:

  • јаглените хидрати,
  • масти,
  • алкохоли.

Улогата во градењето: протеини, комплексните липиди, соли и така натаму.

Регулаторна улога: витамини и соли.

Се за детоксикација на организмот и здраво слабеење прочитајте – C9 Forever

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Јаглен хидрати

Јаглените хидрати (шеќери) се соединенија кои се составени од различни комбинации на јаглеродни, водородни и кислородни атоми.

Шеќерите се делат според комплексноста на моносахариди, дисахариди и полисахариди.

Улогата на јаглените хидрати е да ни обезбеди енергија за работа, тие се примарно гориво за нервниот систем …

Масти

Мастите се естри на глицерол и на повисоки масни киселини.

Се делат на прости и сложени ( комплексни).

Мастите претставуваат извори на енергија, имаат заштитна улога во изолација, транспортна улога за трансфер на липосолубилни витамини преку клеточните мембрани.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Протеините или белковините се градежни материи на телото.

Се состојат од голем број амино киселини. Функцијата на протеините е: градежна, регулаторна, ензимска, заштитна, транспортна и др …

Повеќето експерти сметаат дека кај спортовите по тип на издржливост е доволен дневниот внес протеини од 1,2 до 1,4 g / kg а нешто повеќе кај оние со голема потрошувачка на енергија, како што се велосипедистите кои секојдневно возат на големи растојанија (1, 5-1,8 г / кг).

Кај спортовите од тип, сила, брзина и експлозивност, се препорачува дневен внес на протеини од 1,2-1,7 g / kg.

Се за детоксикација на организмот и здраво слабеење прочитајте – C9 Forever

Препораки и совети за добра исхрана

Препораките се применливи и ефикасни не само за добра спортска кондиција, туку и за создавање на добри навики во исхраната:

  1. Распоредете го дневниот внес на храна во три оброци, меѓу кои има рамномерен временски интервал. При потешки напори, вклучете меѓуоброк.
  2. Елиминирајте ја (колку што е можно) храната која е калорична, а без потребен дел од витамини и минерали (бонбони, газирани пијалоци, итн.), заменете ја таквата храна со свежо овошје и овошни сокови.
  3. Ограничете го внесувањето на масни супстанции бидејќи го забавуваат празнењето на желудникот и допринесуваат за побавно функционирање на органот за варење.
  4. Јадете свежо овошје два пати на ден а зеленчук во текот на сите три оброци (како салата или како вариво).
  5. Се препорачува дневно: најмалку три парчиња леб од полно зрно, малку млеко. Мастите и месото бавно се варат, па ако земете 3-4 часа пред тренинг, тоа ќе предизвика мачнина и стомачна тежина, а тоа може да ви пречи. Покрај тоа, храна која создава гасови, масна и устоена храна треба да се избегнува. Последниот оброк не треба да се зема подоцна од 2,5 часа пред тренинг или натпревари, а јаглените хидрати треба да се земат најдоцна 1 час пред натпреварот.

Се за детоксикација на организмот и здраво слабеење прочитајте – C9 Forever

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Шеќери и масти

Во мускулите, главни извори на енергија се гликогенот (шеќери) и триглицеридите (масти), и во помала мерка протеините.

Тие се трошат за време на краткотраен или долготраен тренинг за да обезбедат енергија за одредена работа. Примарните горива треба да обезбедат соодветен проток од магацинот до местото на користење, кое нешто се прилагодува на мускулните потреби.

Мастите го зголемуваат своето учество во работата со умерен интензитет, но затоа нивното учество се намалува во работата со поголем интензитет.

Процентот на јаглени хидрати и масти во енергетскиот метаболизам зависи од:

а) Вид на мускулна активност

б) Интензитет

в) Времетраење

г) Вид на исхрана и состојба на ухранетост

д) Состојба на тренираност

ѓ) Здравствена состојба.

Ако интензитетот на работата е 50-80% од VO2max, главен извор на енергија е оксидацијата на гликогенот (шеќерот), при интензитет на работа до 50% VO2max оксидацијата на мастите е главен извор на енергија.

Кога се конзумираат јагленхидратите за време на работата, заморот се одлага за 30-60 минути.

Се верува дека заморот се должи на истрошеноста на јаглените хидрати, затоа што активните мускули повеќе го користат шеќерот од крвта.

Се за детоксикација на организмот и здраво слабеење прочитајте – C9 Forever

Ќе ви дадеме неколку принципи на кои треба да се придржуваме кај правилна и здрава исхрана:

  1. Што по природно, помалку преработено – Конзумирајте прехранбени производи кои биле подложени на минимална или никаква обработка.
  2. Поголем број на оброци – Поголем број на оброци во текот на денот ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот: да го стабилизирате шеќерот во крвта, забрзување на метаболизмот и метаболички реакции, помалку храна да  чувствувате ситост, ненадејни скокови и паѓања на енергијата.
  3. Разноврсност – ние ве советуваме на вашето мени има намирници од сите групи: зеленчук, овошје, житарки и житни производи, месо, риба, јајца, млеко и млечни производи.
  4. Сезонско и свежо – секогаш избирајте ги овошјето и зеленчукот кои се моментално актуелни.
  5. Долгорочно планирање на исхраната и тренингот.

6 Вежбање – само добро планиран и професионален тренинг може да ве доведе до посакуваната цел.

И запомнете. Вежбањето само по себе не е доволно. Само во комбинација со здрава и правилна исхрана ќе ги добиете резултатите што ги сакате.

За повеќе информации зa Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

 

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.