Планирање на кариера Emilija Gavrilova Интересни Факти -

Планирање на кариера

Планирањето на кариерата бара одреден сет на чекори и подготовки, без разлика дали тоа е краткорочно или долгорочно планирање.

 

Професионалниот развој започнува со прашања што често ги поставуваат на малите деца :

“Што ќе бидеш кога ќе пораснеш?”

Во повеќето случаи ќе ги чуеме одговорите како наставник, лекар, продавач, полицаец, се што е познато на детето во дадено време.

Детето веќе во раните фази од својот живот добива информации дека нешто треба да биде кога тој или таа ќе порасне.

Тоа се првите чекори, после кои следи растење, избор на средно училиште, факултет, работно место.

Професионалниот развој не престанува со изборот на професија, тој трае цел живот, бидејќи во текот на нашите животи се менуваме ние и светот околу нас.

Иако денешниот избор на професија повеќе не е “избор за цел живот”, непромислениот и избрзан избор води до незадоволство, губење на време и пари.

 Најчести грешки кои ги правиме:

Планирање на кариера

  • Површно се проценуваме самите себе и своите можности;
  • Не правиме разлика помеѓу интересирање и способност за одредена професија;
  • Немаме доволно информации за светот на професии;
  • Дозволуваме други да донесуваат одлуки наместо ние самите;
  • Незаинтересирани сме и сме препуштени на соновите (одлука во последен момент, препуштање на случајот);

Планирањето на кариерата бара одреден сет на чекори и подготовки, без разлика дали тоа е краткорочно или долгорочно планирање.

Во краткорочното планирање, ние сме повеќе ориентирани кон личните цели кои не интересираат само нас и на кои можеме да влијаеме.

Долгорочното планирање подразбира познавање на поширокиот контекст.

Ситуацијата на пазарот се менува, работите се менуваат, работните места исто така, вештините во кои сте на врвот денес, можеби утре нема да бидат потребни.

Прочитајте повеќе во Избор на кариера согласно типот на личноста

Процесот на планирање на кариерата треба да ги опфати следниве области:

Планирање на кариера

Интерно согледување – самооценување на интереси, способности, вредности, цели, сопствени можности.

Екстерно (надворешно) согледување

Целта на вториот чекор е да се истражи светот на професиите и работните места, области кои ви одговараат, вклучувајќи ги и барањата кои ќе бидат поставени пред вас.

Овој чекор ги вклучува и сите надворешни фактори кои можат да влијаат на вашето донесување одлуки:

  • семејство,
  • образование,
  • професија, п
  • олитички ставови,
  • слободно време, итн.

Донесување одлуки – Главната цел е да се стеснат можностите за избор, да се земат во предвид сите фактори кои влијаат врз изборот на кариера,и тоа:

  • да се идентификуваат можните работни места,
  • проценете се себеси во однос на избраните работни места,
  • да се дефинираат алтернативи.

Пред да донесете одлука прочитајте тука…

Планирање на кариера

Преземање на активноси

Ние веќе знаеме што сакаме во овој чекор, и потребно е да осмислиме начин како ќе ги постигнеме нашите цели.

Кои се знаењата и вештините што треба да ги подобриме?

Како да ги подобриме?

Еден од начините е да изготвиме термински план на активности, список кој ќе одговори на следните прашања:

  • Што?
  • Како?
  • Кога?
  • Каде?.

Планирање на кариера

План “Б”

Понекогаш, кога од некоја причина ќе донесеме одлука на која не можеме да влијаеме ние не сме во состојба одлуката да ја спроведеме во дело.

Тоа не значи дека треба да се откажеме и да се разочараме.

Напротив, кај донесувањето на било која значајна одлука, потребно е однапред да имаме и второ решение – алтернатива. Истата може да ни помогне да ги надминеме пречките на кои наидовме.

Преиспитување

– Одвреме-навреме треба да земеме листа што сме ја направиле, да процениме колку сме блиску до исполнување на нашите цели и да процениме дали нешто се сменило или можеби врз основа на новонастанати околности сакаме самите да смениме нешто.

Доколку сакате да се вклучите во нашиот тим можете на ме контактирате на:

https://www.facebook.com/prodazba.aloevera

e-mail:gavrilova.emilija@gmail.com

телефон 070 34 88 45

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.