НЕГА НА КОМБИНИРАНА КОЖА НА ЛИЦЕ - Emilija Gavrilova

НЕГА НА КОМБИНИРАНА КОЖА НА ЛИЦЕ

НЕГА НА КОМБИНИРАНА КОЖА НА ЛИЦЕ

Основната карактеристика на комбинираната(мешана) кожа е истовремено постоење на масни и суви зони на кожата на лицето. Челото, носот и брадата (Т-зона) се карактеризираат со масна кожа со проширени пори, додека образите се суви со фини пори. Масните делови имаат склоност кон создавање на акни и митисери.

За правилна нега на комбинирана(мешана)кожа потребно е да се следат следните правила:

ЧИСТЕЊЕ НА КОМБИНИРАНА КОЖА НА ЛИЦЕ

Потребно е секојдневно внимателно чистење, но не повеќе од два пати дневно,и тоа:

  • Нежно отстранување на маснотијата во Т-зоната за да се спречи појавата на митисери и акни
  • Следен чекор е чистењето на сувите делови на кожата, а при тоа да не ја изгубат влажноста.(Препорака-Освежувачки гел за чистење)

Задолжителна е употреба на благи средства за чистење на кожата, кои темелно ќе ја исчистат од нечистотии, но нема да ја иритираат. По оваа постапка се нанесува тоник за лице, посебно во мрсната Т-зона за да ја одржи влажноста и природната рамнотежа на кожата.(Препорака – Балансирачки тоник)

НЕГА  НА КОМБИНИРАНА КОЖА

Посебно е важно да се внимава на масните зони на кожата да не се дава дополнителна маснотија, а од друга страна на сувата зона на кожата да се даде доволно влага.

Во принцип за овој тип на кожа се препорачува хидратантна крема која не содржи премногу масло. Лесната крема со мало количество на масло рамномерно се нанесува на челото, носот и брадата. Кремата мора да биде со лесна структура и хидратантна. Ваквата крема може да ја користите и за останатата зона, при тоа посебно внимавајте при изборот на крема. Истата мора да соодветствува со вашиот тип на кожа.(Препорака-Крем за смирување)  За третман на зоната околу очите секогаш користете специјална крема која е строго наменета за оваа чувствителна зона.(Препорака – Крем за зоната околу очите)

ПИЛИНГ

За да се отстрани вишокот на себум од кожата потребно е да се прави нежен пилинг, еднаш до два пати неделно. На овој начин се доведува кожата во нормална рамнотежа. Парната бања е исто така добра за комбинирана кожа, затоа што со пареата се отвораат порите на кожата и се отсранува вишокот маснотии кои се наоѓаат во самата кожа. По оваа постапка задолжително е нанесување на крема за длабока хидратација.(Препорака – Пилинг со алое)

Направи сам-Пилинг со мед

Една лажичка мед измешајте со две лажички ситно мелени бадеми и лажичка сок од лимон. Нанесете на лицето со благо втрлување и измијте со млака вода.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ

Маските за лице и даваат дополнителна нега на кожата. Затоа препорачливо е најмалку еднаш неделно да одвоите време и да и дадете дополнителна нега на кожата со соодветна маска која одговара на комбиниран тип на кожа.(Препорака – Гел маска)

Маска со банана за комбинирана кожа

Оваа маска ќе ја добиете така што ќе изблендирате една банана заедно со три лажици кисела павлака. Така подготвената  маска нанесете ја на  лицето и оставете ја да делува половина час. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Дополнителна нега на комбинирана кожа со маска со алое вера, краставица, јогурт и млеко

Алое вера одлично ги впива маснотиите од кожата, а истовремено делува и антибактериски и антивирусно, содржи широк спектар на сапонини и витамини кои ја негуваат и хранат кожата. Алое вера и краставица се одлична комбинација за третман на кожа. Млечната киселина од јогуртот врши пилинг на кожата а истовремено ги впива и вишокот масти. Медот ја хидрира кожата и ги отвара затворените пори, и се бори со мастите во Т-зоната.

Земете гел од еден лист од алое вера или можете да употребите и стабилизиран природен алое вера гел и промешајте со неколку парчиња краставица извадена од фрижидер. Додадете јогурт и мед(по 1 лажичка е сосема доволно) и нанесете ја маската на претходно добро исчистеното лице, посебно на Т-зоната. Оставете ја да дејствува 15-тина минути, а потоа добро измијте го лицето со млака вода.

Маска за чистење на кожата

Оваа маска ги елиминира митиресите, го подобрува на тенот, едноставна е и многу  ефикасна. Одговара  за мрсна и комбинирана кожа. Ја намалува активноста на лојните жлезди и го нормализира хидробалансот. За нејзина подготовка ќе ви требаат 2 таблети аспирин. Темелно издробете ги и измешајте ги таблетите и разредете ги со минерална вода. Лесно нанесете ја на проблематичните зони и Т-областите со лесни, кружни движења. Измијте по 8-10 минути, повторувајте ја процедурата за чистење 2-3 пати месечно.

Како да одберете крема за комбинирана(мешана)кожа на лице?

Кремите се ставаат на самиот крај, по темелно извршеното чистење на лицето.

Кремите за комбинирана(мешана)кожа треба да и дадат хидратација на сувата зона од кожата, а истовремено да  го  регулира и намали лачењето на себум на мрсната зона. Тие мора да бидат со лесна и нежна структура, најдобри се гел-кремите. Тешките и мрсни креми не се наменети за нега на комбинирана кожа на лице.

Митисерите се голем проблем кај комбинираната кожа, но и за нив постои решение, постојат спецјални креми против митисери, кои главно се направени на основа на алое вера. Исто така и сода бикарбона е добар чистач на митисери.

Етеричното масло од лаванда исто така се применува за третман на сува кожа, па така наоѓа примена за сувите зони на лицето кога истото е подложно на надворешни влијанија, посебно преку зима кога доаѓа до сушење на кожата. Во зима потребна е сополнителна заштита и хидратација на кожата, и тоа не смеете да го занемарите.

Секогаш употребувајте дневна и ноќна крема за нега на лице!

Не смеете да нанесувате само дневна крема, затоа што лицето преку ноќ најдобро се регенерира. Затоа употребувајте ноќна крема која ќе ја хидрира кожата во текот на ноќта, при тоа кожата ќе ги апсорбира сите витамини од истата. Лицето ќе добие сјај, а истовремено ноќната крема се бори и против процесот на стареење.

Шминка за комбинирана кожа

Секогаш правете правилен избор при купување на шминка која соодветствува со типот на кожата.

Пудрата треба да биде на водена база, никако на мрсна!

Ваквата пудра не го мрси лицето, не ги затвора порите, и овозможува на кожата да дише, не ја исушува кожата. Ваквата пудра и дава свеж изглед на кожата, ги хидрира сувите делови а ја матира мрсната зона.

За природните производи за нега на кожа со алое прочитајте повеќе ТУКА…

За повеќе информации и нарачка на природните производи Форевер контактирајте ме на :

070 34 88 45 

gavrilova.emilija@gmail.com 

www.facebook.com/prodazba.aloevera

 

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.