Надминување на срамежливоста - Emilija Gavrilova

Надминување на срамежливоста

Како да се чувствувате посигурни?

Надминување на срамежливоста

Срамежливоста и повлеченоста се карактеристики на многумина, кои за жал, го поминуваат поголемиот дел од својот живот , без многу пријатели, често исмевани .

Тешко им е да ги разберат причините за таквото однесување на околината кога тие се фини, паметни и изгледаат нормално. Но, без оглед на причините, сепак чувствуваат дека нешто не е во ред со нив.

Ова има големо влијание врз нивната самодоверба.

Полесно да се повлече во себе отколку да се соочи со критики.

Добрата вест е дека не ви треба многу за да станете посигурни и да стекнете повеќе пријатели и да ги зголемите вашите шанси за успех.

Понекогаш луѓето набрзина судат и обележуваат на основа на предрасудите и стереотипите.

Прочитајте за  АНЕМИЈА – причини, симптоми и природни производи за лекување

Не секој ќе има потреба да допре до вас и да ве запознае пред да бидете класифициран во одредена категорија, што води до првиот совет:

Надминување на срамежливоста

Разговарајте со сите

Еден од најдобрите начини за надминување на срамежливоста е да имате навика да разговарате со сите.

Ова изгледа малку итро, затоа што мора да имате самодоверба да зборувате со луѓето.

Од друга страна треба да разговарате со луѓето за да стекнете самодоверба.

Трикот е полека да се движите.

На пример, само почнете да поздравувате секој ден една личност со “Здраво” или “Добро утро”.

Потоа, кога  ќе почнете да се чувствувате попријатно почнете да разговарате со две личности секој ден .

Така проширете ја конверзацијата.

Не се ограничувајте да зборувате само со луѓе што ги познавате или кои ви “одговараат”.

Разговарајте со сите во вашата заедница .

Мажи, жени, млади луѓе, постари лица, без разлика дали изгледаат дека се нормални, чудни или луди.

Многу луѓе нема да преземат иницијатива да ве запознаат.

Затоа , вие треба да ги запознаете нив и да им дадете шанса да ве запознаат.

Ќе забележите дека повеќето луѓе со кои започнувате разговор се многу пријателски расположени. Запомнете го ова.

Понатаму , запознавањето на нови луѓе повеќе нема да изгледа толку страшно.

Дознајте се за ГАСТРИТИС – воспаление на стомачната слузница

Надминување на срамежливоста

Едуцирајте се

Многу несигурности, стравови и сомнежи произлегуваат од недоразбирање или недоволно познавање за нешто.

Колку повеќе разберете и знаете за некоја ситуација, ќе се чувствувате попријатно и вашиот срам ќе има помала контрола врз вас.

Да земеме, на пример, јавно говорење.

Тоа е активност што ги ужаснува повеќето луѓе, но само затоа што повеќето луѓе немаат познавање за тоа. Ако направите некои истражувања, ќе дојдете до сознание дека тоа е сосема природно да се плашат од јавно говорење, и дека речиси секој човек ги има истите стравови и несигурности.

Ако продолжите понатаму ќе се запрашате зошто сте толку преплашени, ќе сфатите дека се плашите дека ќе ви се суди, или дека луѓето ќе ве потсмеваат.

Од таму можете да продолжите со читање и учење за луѓето кои се добри во јавно говорење – научетет ги нивните трикови и стратегии.

На овој начин, ќе бидете многу повеќе подготвени, бидејќи вашето знаење за оваа тема ќе биде огромно. Колку повеќе ќе вежбате, ќе имате поголема самодоверба.

Надминување на срамежливоста

Ова правило важи за сите делови од вашиот живот во кои се чувствувате несигурно.

Прочитајте и истражете колку што можете повеќе за одредена тема.

Ова ќе ви помогне да се запрашате дали можете да направите подобро и да пробате.

И таа почетна самодоверба,потребназа да се впуштите во акција, е сè што ви е потребно да ја започнете лавината и да ја надминете срамежливоста.

РАДИОТЕРАПИЈА ( зрачење) – Нуспојави и како да си помогнете

Вежбајте и бидете упорни

Третиот и последен чекор за надминување на срамежливоста е упорно да вежбате и никогаш да не се откажувате.

Теоријата и образованието само ќе ви го покажат патот до самодовербата, но сепак вие треба да поминете низ сето тоа за да го извлечете максимумот.

Надминување на срамежливоста

Колку повеќе вежбате, ќе бидете се подобри и подобри. Во било што.

Ако сакате да станете подобри во јавно говорење, ќе ви треба десетици и десетици луѓе за да се чувствувате пријатно на говорницата.

Истото важи и за зборување со луѓе што ви се допаѓаат, колеги, професори и претпоставени.

Започнете веднаш и наскоро ќе ја почувствувате разликата во вашата комуникација.

И не заборавајте, вие управувате со својот живот !!!

Матичен млеч - Лек над лековите

 

За повеќе информации за природните додатоци во исхраната и производи за нега на лице и тело Форевер контактирајте ме на:

www.facebook.com/prodazba.aloevera

gavrilova.emilija@gmail.com

телефон 070 34 88 45

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.