Лоши навики во исхраната – закана по здравјето!!! - Emilija Gavrilova

Лоши навики во исхраната – закана по здравјето!!!

Лоши навики во исхраната кои можеби не ги забележувате и несвесно секојдневно ги правите,како голтање на големи несоџвакани парчиња храна  и други, претставуваат голема закана за здравјето.

Сите знаеме дека навиките тешко се менуваат, и тоа во сите области на животот.

Експертите издвоиле  мали “престапи” што луѓето често ги прават несвесно, а може да претставуваат голема закана за здравјето.

Не е лошо да ги прочитате и да се потсетите на истите.

Конзумирате производи со поминат рок на траење

Што се однесува до рокот на траење, продуктите се означуваат како “најдобро да се користи до …” и “може да се употреби до…”, што не е исто.

Првата етикета се однесува на гаранција на квалитетот на долготрајни производи, како што се колачиња, грицкалки и житни култури.

По истекот на рокот на употреба, наведен на пакувањето, производот го губи квалитетот (вкус, крцкавост), но е безбеден за јадење.

Производите означени како “употребливи до…” мора да се консумираат до наведениот датум, бидејќи по тој датум може да бидат опасни по здравјето.

Дебелина или здравје

лоши навики во исхраната

Го прескокнувате појадокот

Квалитетен појадок е исклучително важен за зачувување на здравјето.

Не само што го активира метаболизмот, туку веќе е докажано дека луѓето кои редовно земаат појадок јадат помалку во текот на денот.

Редовното прескокнување на утринскиот оброк предизвикува интензивен глад околу 10.30 часот и конзумирање на масти и висококалорична храна, што е дефинитивно најлошото што можете да го направите.

Дебелина или здравје

Пиете премногу овошни сокови

Овошните сокови се здрави, но постои можност со нив да се “предозирате”.

Сокот  од портокал содржи висок процент на киселина и шеќер (ако е од продавница), што може да предизвика стомачни проблеми.

Во случај на луѓе кои страдаат од артритис, огромните дози на шеќер и киселини можат да ги влошат тешкотиите.

Кога станува збор за пиење големи количества сокови со вештачки засладувачи (обично тоа е сорбитол), можна е појава на дијареа, посебно кај децата (повеќето вештачки засладувачи делуваат лаксативно ако се земаат во поголеми количини).

Дебелина или здравје

Секогаш го преполнувате фрижидерот

Повеќето од нас купуваат повеќе продукти отколку што се потребни, па затоа фрижидерите се “на работ на експлозијата”.

Ова влијае на квалитетот на храната, бидејќи поради недоволната циркулација во фрижидерот, температурата се зголемува. Над 5 Целзиусови степени, бактериите почнуваат да се размножуваат.

Затоа, купувајте плански, одстранете ги продуктите на кои им поминал рокот на употреба од фрижидерот и преместете ги шишињата со пиво и вино во оставата или на тераса.

лоши навики во исхраната

Додавате сол во вашата исхрана

Ако често ги досолувате оброците, треба да знаете дека ова е лоша навика која на крајот ќе предизвика хипертензија.

Покрај тоа, поголеми количини сол во телото го дуплираат ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Посолувајте ја храната само кога ја подготвувате, и ако ви е потребно да биде “малку повеќе вкусна”, додадете зачини наместо сол.

Пиете премногу алкохол

Бидејќи алкохолот е сепак корисен за здравјето, водете сметка да не ја надминувате препорачаната количина.

За да пијалокот биде уште покорисен, одлучете се за шприцер. Киселата вода ќе ги ублажи диуретичните својства на алкохолот и ќе можете да уживате во пијалаците и придобивките кои малите количини ги имаат врз здравјето на срцето.

Дебелина или здравје

лоши навики во исхраната

Не го миете темелно зеленчукот и овошјето

Свежите продукти често поминуваат низ многу раце, пред тие конечно да се најдат на вашата трпеза.

Миењето нема да го ослободи талогот од пестициди (повеќето овошја и зеленчук ги апсорбираат овие супстанции), сепак ќе ги отстраните бактериите кои можат да предизвикаат инфекција.

Неправилно складирање на месо

Една од најчестите грешки е да се остави сирово месо на горната полица во  фрижидерот. Ова е, инаку, една од најчестите причини за труење со храна, бидејќи сокот од месото може да истекува врз други намирници. Посебно ризични се свежото овошје и зеленчук.

Внимавајте!!! Добро обмотајте го сировото месо и чувајте го на долната полица во фрижидерот, подалеку од зеленчук, овошје и салати.

лоши навики во исхраната

 Пиење топли пијалаци

Многу луѓе сакаат врело кафе, чај и супа, но лекарите велат дека оваа навика е ризична за здравјето. Истражувањата покажуваат дека редовното пиење врели пијалаци го зголемува тројно ризикот од рак на уста и рак на хранопроводникот. Тоа предизвикува оштетување на чувствителната слузокожа на овие органи. Затоа секогаш чекајте го вашето омилено кафе / чај / супа да се олади.

Дебелина или здравје

Јадете храна во движење

Варењето истовремено е физички и емотивен процес, велат нутриционистите.

Ако не се опуштите и не дозволувате организмот да ја насочи енергијата на варење на храната, и ако сте под стрес додека јадете, тогаш ќе се појават дигестивни проблеми.

Ова е затоа што ензимите за варење не можат да функционираат во такви услови.

Сигурни сме дека можете да најдете десет минути дневно за да јадете оброк во мир.

лоши навики во исхраната

 Претерувате со интегрални житарки

Како што се повеќе производи од интегрални житни култури се продаваат на нашиот пазар, тие се конзумираат од страна на сé поголем број луѓе, често на сметка на други видови на производи.

Тоа никако не е добро!

За да се преработат сите овие јаглени хидрати во енергија, мора да се внесуваат и други материи:

  • протеини,
  • омега масни киселини,
  • витамини и минерали – од риба, месо, овошје и зеленчук.

Дебелина или здравје

 Спроведувате трендовски диети

Иако живееме во време кога се потребни и се вреднуваат само брзи решенија, кога станува збор за регулирање на телесната тежина, не постои магична формула за успех.

Никој не може да отиде во кревет како дебела личност, а да се разбуди како слаб.

Проблемите со тежината се резултат на многу години лоши навики во исхраната, па затоа и за нивното решавање потребно е подолго време.

Многу е подобро да се научите да уживате во сите видови на храна, но во умерени количини и во вистинските комбинации.

Целосното исфрлање на некои производи од исхраната, на што се засноваат повеќето најсовремени диети, не е добро за здравјето, а и носи само краткорочни резултати.

За повеќе информации за Форевер  природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.