Која е тајната на долг и среќен живот? - Emilija Gavrilova

Која е тајната на долг и среќен живот?

 Која е тајната на долг и среќен живот – Прашање кое многумина од Вас си го поставуваат и го бараат одговорот. Направете чекор – Се зависи од Вас!

Се прашувате ли некогаш  како луѓето во некој зафрлени села живеат без проблем и преку сто години ?

Во последните 100 години животниот век  на просечниот човек се зголемил за 5%.

Очекувањата се дека севкупното човештво ќе ги измести границите на живеење и ќе живее подолго од претходните генерации заради здравствената заштита, исхраната и вежбањето.

Многубројни истражувања се фокусирани на укажување на најважните компоненти за долготрајно здравје и долговечност.

Тајни за подолг и поздрав живот

Која е тајната на долг и среќен живот?

Еве неколку совети за долг и среќен живот

Заменете го кафето со чај

Во чајот се содржани антиоксиданси кои се нарекуваат полифеноли, а можат да му помогнат на телото во борба против болести на срцето, ракот и прераното стареење.

Една израелска студија докажала дека луѓето кои редовно пијат чај живеат подолго од оние кои ја немаат таа навика . Секако треба да се внимава и на изборот и на квалитетот на чајот .

Балансирање на една нога секое утро

Може ќе ви звучи чудно, но стоење на една нога наутро додека се облекувате го приморува телото на рамнотежа и ги зајакнува мускулите на телото.

Според физеотерапевтот Том Салзман “Овој едноставен дневен чин ќе има далекусежна корист кога станува збор за заштита од паѓање и кршење на коските во постарата возраст.”

Тајни за подолг и поздрав живот

долг и среќен живот

Јадете по три ореви дневно

Оревите се најздрави грицки , бидејќи содржат антиоксиданси кои помагаат во борба против разни заболувања .Со конзумирање на само три ореви во тек на денот е сосема доволно да се исполни здравствениот потенцијал на нашето тело.

Пронајдете шест добри пријатели на кои секогаш можете да се потпрете

Развивањето на блиски пријателства и семејни односи е животна тајна која е стара повеќе од 100 години , што го докажале австртиските истражувачи кои правеле студии за 100-годишниците.

Пријателите даваат емоционална стабилност која ни помага во справување со стресот , а чувството на пријателска љубов го поттикнува лачењето на допаминот и окситоцинот кои влијаат на доброто расположение , го поттикнуваат развојот на мозочните функции и го намалуваат процесот на стареење. Други пак истражувања ја утврдиле токму таа бројка од шест пријатели кои ни се потребни.

долг и среќен живот

Престанете да јадете кога сте  полни 80%

Окинаваните, кои живеат на одалечени јапонски острови, имаат најголем процент на 100 годишници . Нивната тајна сакате ли да ја дознаете?

Престануваат со секој оброк кога ќе почувствуваат дека се 80% полни. Остатокот го оставаат во чинијата. Никогаш не се прејадуваат.

Американските научници откриле дека животните можат да живеат двојно подолго кога внесот на храна ќе им се намали за третина.

Не само што конзумирањето на помалку храна влијае на телесната тежина , се смета дека со внесување на помалку храна одеднаш метаболизмот има помалку активност , со што се намалува долготрајноста на стресниот процес на самиот организам.

Тајни за подолг и поздрав живот

Одете на спиење еден час порано

Недостатокот од сон може да го зголеми ризикот од депресија и болести на срцето.

Една студија во Харвард открила дека луѓето кои имале нормален сон и спиеле најмалку 7 часа дневно или помалку, со одење на спиење 1 час предвремено влијаеле на опаѓање на крвниот притисок , со что го намалиле ризикот од срцев и мозочен удар.

Внимавајте на деталите и бидете свесни

Истражувањето на американскиот психолог др. Howard Friedman открил дека најдобар предзнак за долговечноста е свесноста и одговорноста на луѓето.

Луѓето кои се претпазливи со парите, внимателни, фокусирани на детали, и сакаат се да вратат на вистинското место , живеат подолго!

Се смета дека внимателните луѓе можат да произведат повеќе сератонин во мозокот кои дава чувство на задоволство и го подобрува сонот.

долг и среќен живот

 Купете си домашно милениче , по можност куче(можете и да го вдомите)

Луѓето кои чуваат домашни миленичиња помалку се под стрес , помалку се депресивни и можат да живеат подолго од оние кои немаат. Животните влијаат позитивно врз луѓето, го намалуваат крвниот притисок и ризикот од срцев удар.

Една студија докажала дека луѓето кои шетаат куче секојдневно живеат во просек седум години подолго од исти на себе кои имаат исти навики но немаат куче.

Не ставајте го овошјето во фрижидер

Мислите ли дека со тоа ја  продолжувате трајноста на истото? Научните студии докажале дека изладениот плод содржи помалку хранливи материи од оној кој се чува на собна температура.

На пр. Патлиџан и пиперки кои се чуваат на собна температура имаат двојно повеќе бетакаротен и до 20 пати повеќе ликопен, од оние кои се чуваат во фрижидер.Двете состојки се антиоксиданси кои се поврзуваат со подобро здравје на срцето и намалување на степенот на ризик од појава на одредени видови на рак.

Тајни за подолг и поздрав живот

долг и среќен живот

Смејте се –  со смеење  до подолг живот

Тајната на долговечноста се крие во смеењето! Се смета дека колку повеќе се смеете , толку подолго ќе живеете.

Колку поширока ви е насмевката и брчките од насмевки околу очите ви се поизразени, толку подолго ќе живеете .

Ова е откритие на најновите истражувања на американските научници кои потврдуваат дека позитивниот став кон животот е исклучително важен.
Брчките кои се појавиле околу очите и усните од смеење ја откриваат личноста како исклучително  позитивна. Истата има и големи предиспозиции за долг здрав живот .

Направените истражувања врз безбол играчи , при тоа се анализирани:

  • нивните животни навики ,
  • брачен статус,
  • кариерен развој,
  • насмевката на нивното лице .                                                                                                                                           Резултатите откриле дека луѓето кои најчесто се насмеани на фтографиите живеат подолго од оние кои имаат сериозен лик .
    Се доага од главата , а оптимизмот и позитивниот став се исклучително важни за квалитетен , среќен и здрав живот.

 

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

FB > https://www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.