Карактеристики на личноста Emilija Gavrilova Интересни Факти -

Карактеристики на личноста

Луѓето можат да се поделат на 6 типови на личност

Карактеристики на личноста

Карактеристиките на личноста се нешто по што ние се разликуваме од другите луѓе, по што сме специфични.

Истите  се развиваат под влијание на биолошкото наследство, родителите, врсниците, социјалниот статус и културното наследство.

Постојат бројни теории за типовите на личност.

Со цел да се разберат разликите во личноста, тука ќе се фокусираме на теоријата која ја поврзува личноста со изборот на професија. Станува збор за Холандовата теорија на личноста.

Психологот Холанд верува дека повеќето луѓе можат да се поделат на 6 типови на личност:

  • реален,
  • социјален,
  • уметнички,
  • интелектуален/ конзервативен,
  • конвенционален,
  • претприемачки.                                                                                                                                                                              Сепак, пред да продолжите да читате понатаму, запомнете дека ретко се среќаваме со некој кој е, на пример, само социјален тип, најчесто се работи за комбинација од два типа на личност, која ги поврзува особините од едниот и другиот тип.

Карактеристики на личноста

Реалистичен тип на личност

Овој тип на личност ги претпочита активностите кои бараат сила, вештина, умешност, координација, манипулација со машини, предмети или средства.

Луѓето кои припаѓаат на овој тип личности се срамежливи, стабилни, флексибилни, прилагодливи и практични.

Тие имаат помалку развиени вербални и интерперсонални вештини и затоа не се склони кон интеракција со луѓето. Тие сакаат да решаваат конкретни задачи.

Истражувачки тип на личноста

Истражувачкиот тип на личноста  ги сака активностите кои вклучуваат размислување, разбирање, организирање.

Луѓето кои припаѓаат на аналитичка личност се љубопитни, аналитични, интроспективни, оригинални, самоуверени и независни. Тие сакаат нејасни задачи и брзо и лесно разбираат научни формули и теории.

Карактеристики на личноста

Социјален тип на личност

Социјалниот тип на личност ги претпочита активностите кои вклучуваат помагање на другите, советување и подучување на другите.

Вербалните и интерперсоналните вештини им се натпросечно развиени.

Луѓето кои припаѓаат на овој тип на личност се друштвени, кооперативни, пријателски наклонети кон другите, грижливи, толерантни.

Конвенционален тип на личност

Конвенционалниот тип на личност сака јасни, структурирани и недвосмислени активности.

Луѓето кои припаѓаат на овој тип на личност се конформисти, практични, уредни, детални, прецизни и вредни.

Тие преферираат канцелариски работни места, бидејќи немаат висок степен на приспособливост.

Сакаат да извршуваат рутински работи.

Карактеристики на личноста

Претприемачки тип на личност

Претприемачкиот тип на личност ги претпочитаат активностите со кои можат вербално да влијаат на другите. Ги привлекуваат натпревари, сакаат да доминираат над другите, тие се добри лидери и успешни организатори.

Уметнички тип на личност

Уметничкиот тип на личност сака двосмислени, нејасни активности, активности во кои постои фантазија и креативност.

Луѓето што припаѓаат на овој тип на личност се емотивни, експресивни, независни, отворени за нови искуства, не сакаат рутински активности.

Во согласност со карактеристиките на вашата личност можете да направите избор на кариера или да проверите дали вашата работа соодветствува на вашиот тип на личност .Повеќе можете да прочитате тука …

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.