Како вежбањето влијае на метаболизмот ? - Emilija Gavrilova

Како вежбањето влијае на метаболизмот ?

Како вежбањето влијае на метаболизмот, многу често имате читано за ова, но, дали навистина со вежбање се забрзува метаболизмот и се слабее полесно ?

Дали е тоа вистина ?

Што за ова вели науката ?

Најнапред мораме да го пообјасниме самиот поим метаболизам и тоа од аспект на трошење на калории.

Постојат три главни начини кои влијаат на дневното трошење на калории.

Како вежбањето влијае на метаболизмот

Прв е примарниот метаболизам.

Медицинската дефиниција го објаснува како минимална количина на енергија изразена во калории која е потребна за функционирање на организмот кој е во состојба на мирување, во лежечка положба со затворени очи.

Значи, без никаква активност сепак се трошат одредени калории кои се околу 60% од вкупниот број на калории..

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Втор е термичкиот ефект од храната.

Тој се појавува со внесување на храна.

Претставува потрошена енергија која е потребна за варење и апсорбција на внесената храна, како и складирање на хранливите материи.

Оваа потрошувачка обично изнесува 5-10% од вкупниот број на калории кои ќе се согорат во текот на целиот ден.

Како вежбањето влијае на метаболизмот

Последната компонента е потрошена енергија по одредена активност.

Оваа компонента може многу да се разликува.

Истата зависи од активноста која ја правиме:

  • дали е седење во канцеларија,
  • шетање или
  • сериозен тренинг.

Вкупните енергетски потреби се состојат од овие 3 компоненти.

Ако нивниот збир е помал од бројот на калории кои сме ги внеле преку храна и пијалоци, вишокот ќе се складира во облик на масни наслаги.

Доколку вкупните енергетски потреби се поголеми од она што е внесено во текот на денот,телото ќе искористи дел од веќе складираната енергија .

Така се доаѓа до процес на слабеење.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Што се случува додека вежбаме ?

Калориите побрзу се трошат додека вежбаме, во споредба додека мируваме. Тоа е јасно. Но, за колку, зависи од видот на тренингот кој ќе го практицираме. И неговото времетраење.

Често се поставува прашањето, дали калориите се трошат и по времето поминато во вежбање, тренирање. Енергетската потрошувачка продолжува и по вежбањето, но, зависи пред се од интензитетот на тренингот, а многу помалку од неговото времетраење.

При тренинзите кои обично ги практицираат рекреативците, како, одење по трака со времетраење од 30 до 60 минути или трчање со брзина од 8 до 10 км на час со времетраење од 20 до 30 минути, обично враќањето во примарна состојба на метаболизмот како на ниво пред почеток со вежбање се враќа во првиот час по завршување со тренингот.

Во тој час потрошувачката на калории се намалува за 10 до 30 калории во однос на онаа потрошувачка која би ја имале за време на вежбањето.

Кај спортистите кои имаат долги тренинзи со висок интензитет ,оваа потрошувачка на калории по тренингот може да остане зголемена во подолг временски период и се согоруваат значително повеќе калории во текот на денот.

Сериозен тренинг кои вклучува дигање на тегови може да троши калории и неколку часа по завршување со тренингот .

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Како вежбањето влијае на метаболизмот

Дали редовното вежбање го зголемува метаболизмот ?

Комбинација од исклучително напорни тренинзи и внос на енергетски богата храна доведува со привремено забрзување на метаболизмот.

Од друга страна не постојат цврсти докази дека оној тренинг кој го практицираат рекреативците може да го подигне нивото на основниот метаболизам,освен кај постарите лица.

Значајно е да се нагласи дека кај рекреативците зголемување на согорувањето на калории пред се доаѓа од самиот тренинг, а не од зголемено согорување по вежбањето .

Со редовно вежбање на многу начини се  влијае на подобрување на општата здравствена состојба.

Мора да се нагласи дека согорувањето на калориите кај рекреативците воглавно е резултат на зголемена потрошувачка на калориите за време на самиот тренинг.

Затоа рекреативци вежбајте, пред се заради вашето здравје.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.