Како да ги решите најчестите проблеми со вашето куче Aлое Вера Блог - Emilija Gavrilova

Како да ги решите најчестите проблеми со вашето куче

Како да ги решите најчестите проблеми со вашето куче

Постојано гласно лаење, гризање на вашите чевли, папучи и покуќнина  додека не сте дома, уринирање низ станот, постојано ве влече додека го шетате на каиш,се се тоа чести маки на сопствениците на кучиња, но, решение секогаш постои.

kако да ги решите најчестите проблеми со вашето куче

1.Кучето ве влече додека го шетате на каиш

Ова најчест проблем со кој се соочуваат сопствениците на кучиња.

Според експертите за однесување на кучињата, ова може да биде проблем и на самите соспвеници .

Тие се одговорни за ваквото однесување.

Ако пред да тргнете во прошетка вие едноставно го прашувате вашето куче “Ќе се шетаме ли? “или “Кој ќе оди да се шета” , тогаш всушност со овие прашања вие сами го раздразнувате вашето куче.

Тоа од среќа и преголема енергија во текот на шетањето постојано ќе ве тегне.

Природни производи за здрави домашни миленици

Еве едноставен совет кој можете да го примените

Мирно и тивко ставете му го каишот на своето куче и потоа оставете го неколку минути со него да се шета низ домот пред да излезете.

Вклучете телевизор, читајте нешто и оставете го кучето да се потсмири пред да тргнете во прошетка.

На овој начин ќе ја разбиете преголемата возбуда кај него, со самото ставање на каишот затоа што тоа е свесно дека веднаш по ставање на истиот излегува на прошетка.

Така, наместо да ве влече ќе почне да истражува и нанушува околу.

kако да ги решите најчестите проблеми со вашето куче

2.Гризење на предмети и покуќнина во домот

Постојат неколку објаснувања за ова деструктивно однесување , но, најчесто тоа подразбира здодевност и преголема количина на непотрошена енергија , за што секако најодговорни се самите сопственици.

Практичен совет

Потрудете се вашето куче да има доволно играчки кои ќе може да ги гризе кога нема да сте дома. Во тек на денот изнесете го на неколку прошетки. Истрчувајте го за да троши енергија и нека се дружи со други кучиња во паркот.

Купете интерсни играчки кои вашето куче ќе ги сака и ќе се забавува со нив. При излегување можете да сокриете на неколку различни места гранули или некоја грана која ја сака , така што кучето ќе истражува и ќе биде ментално и физички стимулирано и активно, а воедно тоа ќе му биде и забавно.

Обидете се и сами ќе се уверите дека за кратко време ќе престане да гриза предмети во домот.

Природни производи за здрави домашни миленици

3.Уринирање низ станот

Ако вашето куче е веќе со стекнати хигиенски навики, а забележите дека уринира низ станот, тогаш прво направете преглед кај ветеринар за да видите да не има некакви здравствени проблеми. Најчесто тоа може да бидат уринарни инфекции.

Ако утврдите дека вашето куче е здраво, тогаш причината може да биде психолошка. Тоа може да биде стрес, анксиозност, или доколку кучето е вдомено – навика која ја носи со себе.

Совет

Каква и да е причината, обидете се со воспитување на кучето од почеток и создавање на хигиенски навики.

Најпрво морате да го ограничите неговото движење, поточно да не му дозволувате да шета до местото каде што веќе извршило нужда и на тој начин ја одбележало територијата.

Постојано го надгледувајте. Секој пат кога ќе изврши нужда надвор , наградете го со колаче и убави зборови, погалете го. Зголемете го бројот на излегувања надвор за да може да ги стекне навиките.

Природни производи за здрави домашни миленици

4.Постојано и гласно лаење

Ова е исто така еден од зачестените проблеми со кој се соочуваат сопствениците на кучиња. Секако треба да имате на ум дека кучињата преку лаењето комуницираат и на тој начин сакаат нешто да кажат .

kако да ги решите најчестите проблеми со вашето куче

Совет 

Ако забележите дека вашето куче преку лаење бара нешто од вас , како храна, играчка, галење, тогаш мора да бидете доследни и цврсти во сопствениот став и на таквото барање да не одговорите веднаш.

Напротив, вашето куче треба да научи дека со такво однесување нема да го постигне бараното.

Игнорирајте го таквото негово однесување и откако ќе се смири и ќе престане да лае, наградете го со колаче или со галење.

Доколку имате проблем со гласно и постојано лаење кога некој ќе ви зазвони на ѕвончето на врата, научете го по неколку залајувања да го одалечите од вратата и да го наградите со некое колаче или дајте му ја омилената играчка.

Кучето треба да научи дека е во ред да залае неколку пати по ѕвонењето на врата , што е типично однесување за куче кое е чувар и ја брани територијата, но потоа треба да престане и да се одалечи .

На тој начин тоа добро ја завршило работата.

Ако пак забележите дека вашето куче се плаши од нешто, потребно е да го набљудувате и да воочите доколку од нешто се плаши.

Во тој случај потребно е :

  • да го отстраните изворот кој предизвикува страв кај него,
  •  дајте му заштита и
  •  помогнете му  да го надмине истиот.

Природни производи за здрави домашни миленици

5.Вашето куче ве игнорира

Природни производи за здрави домашни миленици

Многу сопственици на кучиња се соочуваат со овој проблем , посебно кога се враќаат од шетање. Иако во игра, шетање и трчање поминале многу време, кучето едноставно не сака да се врати дома и ве игнорира.

Обидете се да се ставите во негова ситуација : надвор му е забавно, а кога ќе отиде дома забавата завршува . Ставањето на каиш и водењето дома ја прекинува забавата , што не е примено со воодушевување.

Совет

За да каишот и наредбата ДОЈДИ , кучето не ја прими како крај на забавата, неколку пати додека е разиграно надвор повикувајте го, погалете го, дајте му колаче, наградете со го убави зборови, и потоа кажете му дека може да се врати на играта и да трча. Кучето многу брзу ќе научи дека кога ќе го повикате, тоа не е крај на забавата.

Оној кој е лош кон животнит, не може да биде добар човек – Артур Шопенхауер

Природни производи за здрави домашни миленици

Forever Living природни производи за Вас и вашите миленичиња нарачајте ТУКА….

070 34 88 45

gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.