Исхрана според астролошкиот знак - Emilija Gavrilova

Исхрана според астролошкиот знак

Исхрана според астролошкиот знак – Астролозите откриваат дека стилот на живот и начинот на исхрана треба да бидат во согласност со елементите на знакот на раѓање.

Се знае дека за доброто здравје,виталност и виткост неопходна е правилна исхрана.

Постојат четири елементи

  • Оган
  • Земја
  • Воздух
  • Вода

Најмногу енергија поседуваат огнените знаци Овен, Лав и Стрелец.

Земјените Бик, Девица и Јарец се издржливи.

Воздушните Близнаци, Вага и Водолија се витални, но,брзу се заморуваат.

Психата и емоциите влијаат на здравјето на водените знаци Рак, Шкорпија и Риби.

Исхрана според астролошкиот знак

Огнени астролошки знаци : Овен, Лав, Стрелец

Елементот оган дејствува на системот за варење, управува со согорување и искористување на хранливите вредности и исфрлување на токсините од организмот.                                                    Нагласениот темперамент доведува до стрес кој резултира со забрзана работа на срцето, покачен крвен притисок и промлеми со црниот дроб .                                                                                                          Иако имаат силна конституција подложни се на покачена температура и силни воспалителни процеси. Реакциите кај овие знаци се имплусивни што доведуваат до прекумерно губење на енергија, што води кон создавање на нервоза и немање на трпение.   Прекумерното вложување во работата и љубовта доведува до вирусни бактериски инфекции.                                Овие проблеми може да се ублажат со правилна исхрана и редовно вежбање кои ја доведуваат енергијата до рамнотежа и одржување на виталноста.

Производи кои одговараат на овие астролошки знаци :

  • житарици,
  • коренест зеленчук,
  • црвено месо,
  • полумасни млечни производи,
  • варена храна која бавно се апсорбира и е богата со енергија.
  • За дигестивниот систем корисни се зачини како црвен пипер, цимет и ѓумбир.

Смирувачки дејствуваат :

  • валеријана,
  • лимонада ,
  • чај од камилица и
  • тинктури со додатоци од овие билки.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Производи кои не одговараат на овие астролошки знаци – лош избор: 

  • мрсно месо и млиечни производи,
  • премногу алкохол,
  • бел шеќер,
  • брашно и сол,
  • премногу скроб,
  •  комбинирање на јагленхидрати со протеини,
  • консумирање на жешка храна,
  • чипс,
  • консумирање на теста,
  • пржени кикиритки,
  • пици и похувани јадења кои го успоруваат процесот на варење.

Исхрана според астролошкиот знак

Земјени астролошки знаци : Бик, Девица, Јарец

Елементот земја владее со скелетот и дигестивниот систем, влијае на растот, репродукцијата и регенерацијата.                                                                                                                                                                        Најчести проблеми се променливата телесна тежина, хормонален дизбаланс и подлежни на разни тумориозни заболувања.

Метаболизмот е успорен, се појавува недостаток на калциум кој заедно со неактивноста создава предиспозиции за остеопороза, склероза, ревматски проблеми и артритис.

Отпорни се на вируси и настинки од кои брзу се опоравуваа                                                                                                  За зачувување на виталноста на организмот потребно е повеќе движење и редовно вежбање.                             Во исхраната да се воспостави добар ритам без прескокнување на оброците.

На овие знаци им се советува да внесуваат храна во помали количини ,но, повеќе пати во тек на денот. Ригорозните диети не даваат трајни резултати , туку се појавува јо-јо ефект.                                                           Губење на килограмите одеднаш и повторно враќање на истите доведува до незадоволство, психолошки кризи и чувство на депресивност.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Производи кои одговараат на овие астролошки знаци :

Препорака е:

  • што повеќе салати зачинети со маслиново масло, лимон или јаболков оцет кои го забрзуваат топењето на мастите,
  • зеленчук подготвен на пареа,
  • обезмастен јогурт,
  • природно цедени сокови богати со витамин Ц,
  • зелени растенија богати со калиум и железо, о
  • вошни слати без шлаг .
  • Жен-шенот помага во обновување  на клетките.

Производи кои не одговараат на овие астролошки знаци – лош избор:

  • компир,
  • зашеќерено овошје,
  • сол,
  • шеќер,
  • путер,
  • бел леб,
  • газирани пијалоци,
  • чоколади,
  • колачи,
  • сувомесни преработки, кои содржат адитиви , и го забавуваат метаболизмот.
  • Вечерите треба да се одбегнуваат,
  • лесна храна треба да се земе околу 18 часот ,никако подоцна.

Исхрана според астролошкиот знак

Воздушни знаци : Близнаци, Вага, Водолија

Нервниот систем, циркулацијата,дишните патишта, кожата на главата и телото се под влијание кај елементот воздух.                                                                                                                                                              Премногу активности, неуморливост, и чувствителен нервен систем го рушат имунитетот на организмот и предизвикуваат проблеми.

Овие знаци се подлежни на несоница, хроничен умор, алергии на нервна основа, а вознемиреноста доведува до опаѓање на имунитетот што го отвара патот на вирусни воспаленија на дишните патишта ,бронхитис и сушење на кожата и косата.

За да се избегнат овие проблеми потребно е да се воспостави ред во секојдневниот живот и животни навики и да се практикува  редовно спиење, намалување на многубројните обврски, стресни состојби, и редовно да се практицира одмор и состојба на опуштеност.

Овие знаци често конзумираат брза храна и нередовноста во исхраната им е секојдневие, па на организмот му недостасуваат витамини и минерали.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Производи кои одговараат на овие астролошки знаци :

Слабиот нервен систем најуспешно се регенерира со конзумирање на производи богати со минерали, магнезиум и калциум , како и витамин Б.

Одговараат банани, мешункасти растенија, житарици, свежа риба, јајца, природно цедени сокови од зеленчук и овошје.

Производи кои не одговараат на овие астролошки знаци – лош избор:

  • Разни грицки,
  • бонбони,
  • сендвичи како главно јадење,
  • мајонез,
  • павлака,
  • нерафиниран шеќер,
  • пијалоци засладени со шеќер,
  • разни преработки,
  • пржено,
  • крекери,
  • кекси,
  • брза храна,
  • луто и
  • јаки зачини.

Исхрана според астролошкиот знак

Водени астролошки  знаци: Рак,Шкорпија, Риби

Овој елемент владее со репродуктивните органи, лимфата, телесните течности, циркулација, и со квалитетот на крвта.

Здравјете е поврзано со психичката состојба и емоциите.                    Незадоволството создава психоматски проблеми.

Овие знаци се подлежни кон зголемување на тешкотиите и создавање преголема загриженост.                                                    Имаат спор метаболизам што создава проблеми со телесната тежина.                                                                                                                                                                                              Појавата на цисти, тумори, надуеност и вишок на килограми, задржување на течности во организмот се јавуваат како последица од спората размена на материите во организмот.                                                        Чувствителност кон бактерии,вируси и габични заболувања.                                                                                            Потребно е да се намали внесот на течности, да се промени режимот на исхрана и да се зголемат физичките активности.                                                                                                                                                                                              Да се конзумираат производи богати со антиоксиданси.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

Производи кои одговараат на овие астролошки знаци :

Потребно е да се конзумираат производи кои се природни диуретици, посебно:

  • зачинските билки,
  • магдонос,
  • увин чај,
  • мајчина душичка,
  • зелен чај,
  • маслинки кои го намалуваат нивото на масти,
  • ориз,
  • морски алги и морски плодови,
  • варен зеленчук и
  • свежо овошје, посебно круши, диња и краставица кои се силни диуретици.

Исхрана според астролошкиот знак

Производи кои не одговараат на овие астролошки знаци – лош избор:

  • Леб,
  • производи богати со скроб,
  • кајмак,
  • солено кое ги задржува течностите во организмот,
  • индустриски сокови,
  • црвено месо,
  • дивеч,
  • слатки,
  • алкохолни пијалоци,
  • ликери,
  • шери,
  • стари вина,
  • газирана вода.

Правилна, здрава исхрана и квалитетен тренинг

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.