Етерично масло од лаванда Emilija Gavrilova Forever Living Products -

Етерично масло од лаванда

Forever Essential Oils Lavander

Етерично масло од лаванда

 Често лавандата е првиот аромат до кој луѓето допираат кога се запознаваат со етеричните масла. Миризливото растение е ценето со векови заради својството да смирува, ублажува и регенерира. Многубројните научни докази ја поткрепуваат неговата употреба при рзлични состојби.

етерично масло од лаванда

 ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД ЛАВАНДА И НЕГОВА ПРИМЕНА:

Денес е тешко да најдете некое семејство во Франција, Холандија, Хрватска или Грција кое во своите домови нема шишенце со етерично масло од лаванда, поради неговата  примена на многу начини.

 Модерен облик на ароматерапијата ѝ дал францускиот хемичар Рене Морис-Гатфосе во 1920 г., откако самиот си излекувал сериозна изгореница на раката со помош на етерично масло од лаванда, а потоа напишал труд за тоа. Всушност, тој и го вовел терминот ароматерапија.

 Лавандата за етеричното масло Форевер содржи високи нивоа на линалилацетат, на кој се должи нејзиниот сладок мирис.

 Придобивките од етерично масло од лаванда:

 Смирувачко дејство

Научната студија докажала дека редовното користење на маслото од лаванда во времетраење од 6-10 недели, помага во спречување на несоницата и е од голема корист во борба против нервозата, депресијата и немирот.

Научниците откриле дека вдишувањето на нејзиниот мирис ги балансира нивоата на кортизолот (основниот хормон на стресот) во организмот и така го неутрализира чувството на немир, негативните емоции и ја подобрува општата псичичка состојба.

Има се повеќе докази дека неговата употреба го подржува расположението, ги смирува телото и емоциите.

 Несоница

Лаванда се препорачува како алтернативна форма на терапија за несоница, бидејќи делува на автономниот нервен систем. Неколку капки етерично масло може да се стават на перницата или на памукче кое ќе го ставите под перницата, со што дополнително ќе се смири организмот.Можете непосредно пред спиење да инхалирате масло од лаванда. Тоа ќе ве однесе во царството на релаксирачките соништа.

 Отстранување на болка

– грчеви во мускулите, ревматизам, лумбаго, артритис и др.

 Маслото од лаванда се применува и за опуштање на болните мускули како на физичко, така и на психичко ниво.

Делува антиинфламаторно и смирувачки, ги елиминира болките и вкочанетост. Масажата со 1-2 капки од ова масло растворени со базно масло  исто така ги елиминира болките во мускулите и коските.

Во топла купка, во која е додадено 10 капки од етерично масло од лаванда, ги опушта и релаксира заморните мускули.

Релаксирање на уморни стопала: Со неколку капки етерично масло од лаванда во сад  со вода можете да ги релаксира уморните стапала и да ги отстраните непријатните мириси.

Ја смирува главоболката

Неколку научни студии покажале дека маслото од лаванда може да ја смири силната болка од мигрена. Дури 71% од пациентите кои патат од мигрена изјавиле дека со инхалација на маслото значајно им се намалиле болките од мигрена, а кај некои пак целосно исчезнале.

 Лавандата ја храни кожата

Одамна е познато дека лавандата има својство да го подржи нормалното закрепнување на ткивата после сончеви или други изгореници. Само една до две капки растворени во базно масло и нанесени во близина на засегнатите делови, го ублажуваат непријатното чувство.

Маслото се користи за третирање на проблеми како што се псоријаза, егзема или дерматитис.

Лавандата е одлична во третманот на сува, дехидрирана кожа, посебно склона кон брчки. Ставете неколку капки во дневната или ноќната крема и вашата кожа ќе ви биде благодарна.

Ја регенерира кожата од гризнувања од инсекти или рани.

За зараснување на раните

На раната нанесете 2 капки масло од лаванда, со тоа ќе го намалите отокот и ќе потикнете побрзо зараснување. Не го применувајте овој совет доколку крварите и имате отворена рана.

Третирање на акни

Есенцијалното масло од лаванда е едно од најкорисните масла во лекувањето на акните (спречува размножување на бактерии кои предизвикуваат појава на акни и помага во балансирање на лачење на себум, кој ги зачепува порите на кожата на лицето).

  Нега на коса

Лаванда се покажа како многу корисна во решавањето на проблемите со опаѓање на коса и алопеција. Со масажа на главата се отстранува првутот и се стимулира растот на косата.

Додадете едан до две капки од етеричното масло од лаванда во шампонот или регенераторот , за да ја прихраните кожата на главата и косата, да го подржите нејзиниот нормален раст и да и дадете дополнителен сјај.

 Познато е дека лавандата ја поддржува и дигестијата

Помага за производството на стомачни и жолчни сокови неопходни за разградување на консумираната храна. И помага и на храната нормално да се придвижува низ дигестивниот систем.

 Масирајте една-две капки масло од лаванда, разредени во базно масло во стомачната област со кружни движења во насока на стрелката на часовникот.

 Респираторни проблеми

Eфикасно ги елиминира респираторните инфекции, грип, астма, синузитис, ларингитис, бронхитис и ангина, болки и воспаление на усната шуплина. Маслото може да се инхалира и истата може да биде сува или влажна. Кога е сува инхалација се вдишуваат 2-3 капки на етерично масло од лаванда кои се ставаат на памучна марамица и се вдишува неколку минути, додека влажната инхалација се применува со вриена вода во која претходно се ставаат неколку капки масло.

 За ублажување на менструални проблеми

Со неколку капки разредено етерично масло со масажа на долниот дел на абдоменот или со облога со топла вода (на која претходно ставате неколку капки од етерично масло од лаванда).

Природен аналгетик

Некои жени после породувањето во комбинација со стандардните аналгетици го инхалирале и маслото од лаванда кое им помогнало против породилните болки.

Освежување на воздух во просторија

Ставете неколку капки етерично масло во затоплен сад со вода. Мирисите имаат посебен ефект врз нашата психа: тие можат да нè натера да ја рационализираме, да предизвикуваат чувство на задоволство, или да не асоцираат на одредена временска сезона или одмор. Затоа мирисот дома има посебно значење, бидејќи ние поминуваме многу време во домот и сакаме да се чувствуваме удобно и опуштено.
Доколку во зимските месеци на радијаторите ставате помали садови со вода – заборавете ги вештачките и хемиските освежувачи од продавница. Во садовите за вода ставите неколку капки од етерично масло од лаванда во текот на денот вашиот дом ќе мириса убаво и пријатно.

Природна заштита против комарци

Етерично масло од лаванда е позната како природна заштита  против комарци. Нанесете неколку капки од етеричното масло разредени со вода на челото, вратот или на дланките, пред излегувањето од дома или пред заминување во природа.

Исто така, разреденото етерично масло делува антифламаторно и го намалува отокот, црвенилото, болката и чешањето.

 Како да се опуштите со масло од лаванда

Еден од најдобрите начини за опуштање е да ја наполните кадата со вода и да додадете 6 капки од маслото. Со помош на испарување на маслото ќе се опуштите и ќе исчезнат болките.

Но убедливо највкусен начин да го користите маслото од лаванда е да направите лимонада. Со овој напиток ја спречувате нервозата, депресијата и вознемиреноста.

Потребни состојки: ¾ шолја мед; 7 шолји врела вода; 1 капка масло од лаванда; и 4 исцедени лимони.

Припрема: Растoпeте го медот во топла вода, додајте го сокот од лимон и маслото од лаванда. Пијалокот ставете го во фрижидер да се олади. Ако има потреба исцедете пред да послужите и додадете лед. Со овој освежителен напиток ќе го освежите целото тело.

Предупредување: Како за поголем број на етерични масла, така и за етерично масло од лаванда важи правило да не смеат да го користат трудници и доилки, дијабетичари или лица алергични на лаванда. .

Состав (15 мл – код 506)

Масло од цвет од лаванда(Lavandula Angustifolia), линалиил, лимонен, гераниол

Препорачана употреба 

За локална и ароматска употреба разредете 1-2 капки етерично масло во 10 капки базно масло или друг лосион.

Повеќе за етерични масла Форевер прочитајте ТУКА…

НАРАЧКИ НА ФОРЕВЕР ПРОИЗВОДИ И ИНФОРМАЦИИ НА

070 34 88 45 , gavrilova.emilija@gmail.com , www.facebook.com/prodazba.aloevera

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.