Дебелина или здравје Emilija Gavrilova Интересни Факти -

Дебелина или здравје

Дебелината некогаш била симбол за убавина, здравје и богатство, но, во денешно време е вклучен алармот затоа што кај луѓето со прекумерна тежина се јавуваат разни заболувања.

Некои  болести и состојби кои се поврзани со дебелината се :

  • Хроничен замор и болки во нозете

Дебелите луѓе многу брзу се замороваат. Често имаат и болки во нозете и кичмата.

Тие проблеми лесно е да се објаснат, бидејќи човек кој има 120 кг како да носи за цело време вреќа од 40 кг на својот грб, во споредба со човек со тежина од 80 кг.

Луѓето кои имаат прекумерна тежина имаат намален капацитет на белодробните крила и проблеми со дишните патишта.

debelina i zdravje

  • Проблем со крвните садови

Неправилната исхрана и создавањето на масни наслаги , кја дебелите луѓе доведува до проблеми со крвните садови, зголемен крвен притисок и зголемен холестерол.

Според статистичките податоци кај дебелите луѓе 2 до 3 пати почесто се јавуваат состојби на  зголемен крвен притисок или зголемено ниво на холестерол и триглицериди во споредба со луѓето кои имаат умерена телесна тежина.

Зголемениот крвен притисок кај дебелите луѓе на возраст од 20 до 40 години е за шест пати поизразена одошто кај оние со просечна тежина.

Докажано е дека дебелите луѓе имаат поголеми шанси да заболат од атеросклероза.

Се за детоксикација на организмот и слабеење прочитајте тука….

debelina i zdravje

  • Болести на дишните патишта и белодробните крила и срцеви заболувања

Прекумерната тежина влијае на зголемен напор при работа на срцето и белодробните крила. На тоа влијаат две причини, и тоа :

  • Првата причина е “механичка”, бидејќи белодробните крила и срцето се обвиткани со голема количина на масни наслаги “сало”
  • Втората причина е затоа што и белите дробови и срцето треба да потикнуваат во функција голема телесна маса.

Затоа доаѓа до замор , бидејќи работата и на срцето и на белите дробови се под силен напор и функционираат во  “засилен режим на работа”.
Заболувањата на срцето и крвните садови во современиот свет претставуваат најчести заболувања, и што е уште поалармантно , се повеќе луѓе во светот умираат од овие болести(мозочен и срцев инфаркт).

debelina i zdravje

  • Дијабетис тип 2

 Кај дебелите луѓе кои имаат пореметувања во метаболизмот подолг временски период (10 – 20 години живеат со прекумерна тежина) најчесто доаѓа до појава на дијабетис тип 2 . Дијабетисот најчесто се јавува кај дебелите луѓе кои имаат изразен стомак.

Она што посебно загрижува при развој на дијабетис кај дебелите луѓе е тоа што болеста постепено се развива и касно се воочува. Така со тек на времето доаѓа и до оштетување на други органи ,како: очи, бубрези, нерви, срце…
Статистичките податоци говорат дека дијабетисот завзема се поголем замав во последните години.

Особено загрижува фактот што истиот се поврзува со се поголемиот број на дебели луѓе кои е во рапиден раст во модерниот свет.

Докторите предупредуваат на дебелината и сметаат дека со намалување на тежината за 10% кај дебелите луѓе значително се подобрува текот на дијабетисот тип 2.

Се за детоксикација на организмот и слабеење прочитајте тука….

  • Артритис

 Воочена е силна поврзаност на зголемената тежина со заболувањата на коските, рскавицата, тетивите, и зглобовите и појавата на артритис, остеоартритис…

  • Малигни заболувања

    Дебелината е често причина за малигни заболувања. Кај мажите кои имаат прекумерна тежина често се појавува карцином на дебелото црево и простата.

Кај жените со зголемена тежина воочена е зголемена опасност од појава на карцином на матка, дојки, жолчка и јајници.

  • Други болести

Други болести кои почесто се појавуваат кај дебелите луѓе се:

  • ендокрини заболувања,
  • камен во жолчното кесе,
  • панкреатитис и
  • болести на црниот дроб.

Се за детоксикација на организмот и слабеење прочитајте тука….

 debelina i zdravjeНеправилна исхрана

Најголема причина за појава на дебелина и наведените заболувања е нездравата и неправилна исхрана. Дебелите луѓе вообичаено јадат храна богата со масти и висококалорична која дебелее, а помалку внесуваат витамини и антиоксиданси,. Тие ја зголемуваат телесната тежина но, го слабеат организмот.

Дебелината го намалува квалитетот на живот , работоспособноста и животниот век.

Се смета дека дебелината е негрижа за сопственото тело, здравјето и својата иднина.

Дебелината е запишана во гените

Има теории кои докажуваат дека проблемот со дебелината е вроден и се наследува.

Многу истражувања покажале дека дебелината е пред се генетско пореметување, но, проблемот е што во најчестите форми на дебелина учестуваат многу гени, сите со мал процент.

debelina i zdravje

Со кои процент колку гени учествуваат сеуште не е откриено.

Истражувањата покажале дека генот FTO има најголемо влијание од до сега откриените гени во разјаснување на генетските основи на дебелината. Сепак тој учествува со 0,34% од генетиката на телесната тежина.

Кога тој ген е променет , ризикот да бидете дебел е 1,67 пати поголем отколку кај лицата кај кои истиот е нормален.

Точната причина за поврзаноста на тој ген и неговиот антиген сеуште до крај не е истражена.

Се смета дека молекуларниот механизам на тој ген влијае на потрошувачката на аминокиселините, кои пак меѓу другото се употребуваат и како градивен и енергетски материјал.

Денес според некои истражувања 40 до 70 % од променливоста на телесната тежина  влијаат гените , а не храната.

Сепак  не само гените влијаат на дебелината.

За нивно активирање мора да постои нешто што ги поттикнува од надворешната средина. Тоа може да биде висококалоричната храна, климатските услови во кои живееме и др.

Се поставува прашањето зошто токму сега се јавува епидемија на дебелина , ако гените ни се исти?

Епигенетиката смета дека доаѓа до некои модулации, промени во активностите на гените , при што доаѓа до промена на структурата на самите гени.

Постои начин да се смени функционирањето на гените, а гените остануваат во потполност исти. Епигенетиката смета дека фактори кои влијаат на фетусот непосредно пред крајот на бременоста и по породувањето можат да влијаат на дебелината на новороденчето.

Се за детоксикација на организмот и слабеење прочитајте тука….

Родители и деца

Ако родителите се дебели тоа не значи дека и децата ќе имаат проблем со дебелината.                                 Децата се  во ризична група  и потребно е внимание и менување на навиките и односот кон храната.

За повеќе информации за Форевер природни додатоци во исхраната, детоксикација , контактирајте ме на:

00 389 70 34 88 45

e.mail > gavrilova.emilija@gmail.com

www.facebook.com/prodazba.aloevera

 

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.