Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин - Emilija Gavrilova

Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин

Наздравете во име на љубовта!

Празнување на  Св.Трифун и Св.Валентин –  (14 февруари) – Православните верници го прославуваат заштитникот на лозјата и овошките, Св. Трифун,а  католиците го слават Св. Валентин, заштитникот на вљубените.

 Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин  Св.Трифун

На Св. Трифун, согласно обичаите и традицијата, се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат сѐ уште незапупените гранчиња.

Се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.

Празникот традиционално го одбележуваат лозарите, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.

Свети Трифун, заштитникот на лозјата, традиционално со големи веселби се одбележува во Тиквешијата, каде што вљубениците на доброто вино имаат можност да го вкусат пијалокот на боговите.

Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин

Св.Валентин

Истовремено, католиците  го прославуваат Св. Валентин, денот на вљубените.

Корените на денот на Свети Валентин датираат од античко време.

Римјаните на 14 февруари славеле во чест на божицата Јуно, заштитничка на бракот и семејството.

Денот на Свети Валентин потсетува и на бискупот од градот Терни, северно од Рим, кој бил погубен по наредба на римскиот цар Клаудиј втори затоа што не сакал да се откаже од својата вера.

Освен тоа, според верувањето, тој тајно ги венчавал вљубените парови и ѝ пишувал писма и песни на својата сакана.

Како празник на младоста и љубовта, Свети Валентин во Франција и Англија почнал да се слави во 14 век, по што се проширил во другите европски земји и во северна Америка.

Според православниот календар празник на љубовта е на 30ти септември, кога се слави Св. Софија, мајката на Вера, Љубов и Надеж.

Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин

Како се прославува Св.Валентин низ светот

Романтичната традиција на Денот на вљубените датира од пред неколку века и овој ден се прославува од луѓе од целиот свет со различни религии и култура.

Старите Римјани-

-го прославуваат Денот на љубовта на 14 февруари, а упатуваат молитви кон божицата на бракот и мајчинството Јонона.

Девојките кои бараат маж, пишуваат писмо и го фрлаат во длабока кутија. Оној кој ќе го извади, станува нивен сопруг.

Древните Грци-

-организираат масовно водење љубов во чест на божицата на љубовта Афродита. За време на овие оргии некои си наоѓаат партнери во животот.

Денот на вљубените започнува да се слави масовно и во Западна Европа.

Традицијата на пишување картички на Валентин, подарување цвеќе и бонбони и пеење на серенади се утврдила цврсто во главите на луѓето.

Според традицијата на англискиот двор во почетокот на 17 век, на Денот на вљубените млади мажи и жени разменуваат прстени и бонбони. Секоја жена може да оди и да го побара мажот, кој ѝ се допаѓа да ѝ стане нејзин сопруг. Најважно е дека мажот нема право да одбие на една дама. Но, ако сепак неговото срце веќе е зафатено, тој мора да ѝ подари свилен фустан.

Во Јапонија и Кореја празникот датира од 1930 година.

Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин

Во Јапонија на Денот на вљубените подароци добиваат само мажите.

Празникот за жените доаѓа еден месец подоцна, на 14 март, а денот е наречен “Белиот ден”.

Спротивно на Јапонија, во Кореја постои традиција на “Црниот ден”, во кој сите осамени мажи се собираат и се опиваат.

Во страсната Франција –

Денот на вљубените се изразува во размена на накит и други романтични подароци.

Во Данска –

мажите подаруваат исушени бели цвеќиња.

Во Англија –

на овој ден девојките се собираат пред изгрејсонце и погледнуваат низ прозорецот. Првиот човек кого ќе го видат станува нивен сопруг.

Во грофовијата Дербишир девојките ја обиколуваат црквата 12 пати во полноќ и повторуваат магична магија. Според легендата по ритуалот ја среќаваат вистинската љубов.

Во Јамајка-

на овој ден одржуваат масовни голи свадби, а на плажите доаѓаат бројни младеинци, кои одлучиле да си ветат вечна љубов.

Во Бразил-

Денот на вљубените се прославува на 12 јуни. На овој ден Бразилките вршат магични ритуали со кои ги привлекуваат ергените.

Во Израел –

Денот на љубовта се слави на крајот на летото. Девојката може само да ја предложи раката на момчето кое ќе го избере. Германците ja поврзуваат љубовта со лудилото и ги сметаат вљубените за заштитник на лудите. На овој ден се красат психијатриските клиники со венци и цвеќиња.

Полјаците-

веруваат во чудотворната сила на љубовта и затоа го сметаат за свој долг да одат во црква и да се помолат за семејна среќа.

Свети Валентин е забранет за муслиманите во Саудиска Арабија. Луѓето кои ќе го допрат гревот на овој ден се тешко казнети. Во продавниците е строго забрането да се продаваат црвени рози, кадифени играчки и слатки во форма на срца. Властите сметаат дека “погубната западна традиција” ги поматува умовите на помладата генерација во Саудиска Арабија, ги поттикнува на грев.

Празнување на Св.Трифун и Св.Валентин

 

Заљубените парови на 14-ти февруари ќе ја слават љубовта и романтиката. Ако и вие сте обземени од љубовната еуфорија, сигурно планирате на убав начин да го изненадите вашиот сакан. Еве пригодни подароци за вашиот сакан или сакана  со чија помош ќе ја направите ноќта на 14-ти незаборавна

(повеќе прочитајте тука…

 

За сите информации контактирајте ме на :

070 34 88 45

gavrilova.emilija@gmail.com

https://www.facebook.com/prodazba.aloevera

 

 

 

 

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.